• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Ренџерите од НП „Галичица“, активно вклучени во програмата за долгорочен мониторинг на биолошка разновидност

Ренџерите од НП „Галичица“, активно вклучени во програмата за долгорочен мониторинг на биолошка разновидност

Во Национален Парк „Галичица“, ренџерската служба е активно вклучена во програмата за долгорочен мониторинг на биолошка разновидност. Ренџерите помагаат во теренскит активности за проценка на состојбата на ендемските и клучни видови и живеалишта во паркот.

 |   | 

Во Национален Парк „Галичица“, ренџерската служба е активно вклучена во програмата за долгорочен мониторинг на биолошка разновидност. Ренџерите помагаат во теренските активности за проценка на состојбата на ендемските и клучни видови и живеалишта во паркот.

Професијата ренџер е убава и благородна професија без која не може да се замисли ниту едно заштитено подрачје.Во Национален Парк „Галичица“ тие се грижат за благосостојбата на елените во Репродуктивниот центар на НП „Галичица“. Овој нивен ангажман како и пожртвуваност силно ќе придонесат во облагородување, зајакнување на балансот и оддржување на високиот степен на биолошка разновидност на живеалиштата каде што овие симпатични животни ќе живеат.

Еден од бенефитите на заштитените подрачја е постоењето на ренџерска/чуварска служба. Во Ј.У. Национален Парк „Галичица“ оваа служба брои пет вработени.Покрај непосредната заштита на природата, обврски на ренџерите се и комуникација со туристи, учество во мониторинг активности на биолошката разновидност, грижа за елените во репродуктивниот центар итн.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top