Спомен куќата на Христо Узунов крие две многу значајни реликвии


Во спомен куќата на Христо Узунов се наоѓаат брадата и ќесето на овој наш голем револуционер и визионер. За тоа мал дел од граѓаните знаат, вели кустосот Горан Митрески.

 |  Јаковлева Лионела  | 
hristo uzunov
христо узунов

Спомен куќата на Христо Узунов крие две многу значајни реликвии за кои мал дел од граѓаните знаат. Тоа се брадата и ќесето на овој наш голем револуционер и визионер. И двете се стигнати во Охрид после макотрпни залагања на сега веќе покојниот кустос Никола Целакоски. Приказната за брадата на Христо Узунов започнува на денот на неговото загинување кога тој со своја рака си го одзел животот со цел жив да не му се предаде на непријателот. Пред да биде погребан некоја жена му ја отсекла брадата за да и ја испрати на неговата мајка на која Христо и бил син единец и неизмерно го сакала. Не е познато како брадата патувала и како стигнала до мајка му Анастазија, но се знае дека таа со години се чувала во семејството како еден редок спомен кој ги потсеќал на Христо Узунов. За среќа оваа реткост сега е ставена пред очите на охридската, но и на пошироката јавност. Ќесето пак кое овој револуционер го имал со себе во последните моменти од неговиот живот кога се одвивала драмата во куќета во Цер сеуште не е изложено. Се чека да се направи идејно решение и да му се најде соодветното место. Токму ова ќесе се сретнува во прошталното писмо на Христо Узунов во кое изрично кажува дека спроти скалата на која се наоѓа во моментот, во дупка од ѕидот го сокрил ќесето во кое се наоѓаат охридски пари.

Значењето е големо пред се симболички затоа што како ревизор пролетта во 1905год. Христо Узунов бара отчет од раководителот на организацијата во тој период и финансиски и организационен. Затоа и тој тоа го прави во последните моменти од животот, дава отчет дека со себе ги има парите на охридската организација и ги остава на соодветно место, вели Горан Митрески-кустос.ќесе

Ќесето во Охрид е пристигнато по тајни канали од Бугарија, а било кај наследниците на Христо Узунов, т. е. неговиот брат Ангеле. Кустосот Митрески вели дека за значењето на Христо Узунов може да се зборува со денови. Тој не само што бил револуционер и раководител на организацијата, бил и ревизор, учител, изготвувач на планот на востанието, учествувал и при формирањето на првата револуционерна чета во Велгошти, а за историчарите е посебно значаен бидејќи водел дневник од кој се добиени најголемиот дел на информации за востанието во охридско.

Пред се јас би сакал оваа спомен куќа да биде посетена малку повеќе од охриѓани и македонците а потоа од странците бидејќи Христо Узунов беше светец на организацијата. Имам чуство дека на несоодветен начин му оддаваме почит за она што го направил, вели кустосот.

Митрески потенцира дека и градот и државата треба повеќе да се заложат за истакнување на делото на овој наш македонски револуционер и визионер. Тој ја поздрави идејата на претходната локална власт за поставување споменик кај малиот плоштад посветен на овој наш идеен деец и посака оваа локална таа идеја што поскоро да ја реализира.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top