Религија и медиуми на заедничка маса

Религијата и медиумите со здружени сили ќе го унапредуваат меѓурелигиското разбирање. Верските заедници со генерален став дека медиумите треба и натаму да учат со цел да ја поттикнат меѓурелигиската соработка. Тие седнаа и дебатираа на заедничка маса како дел од проектот „Толеранција, дијалог, соработка“.

 |  Мишел Наумоски  | 
rabotilnica
работилница

Религијата како комплексна тематика беше повод за денешната работилница на која медиумите и верските заедници седнаа и дебатираа на заедничка маса. Претставниците на верските заедници излегоа со слични ставови. Тие сметаат дека често во медиумите се прават грешки во известувањето и дека многу често генерално се зборува за одредени работи.

„Иако мислиме дека се познаваме, ние не се познаваме. Тоа значи дека и новинарите многу работи не ги познаваат. Имаат одредени општи познавања кога ќе се навлезе во теологијата на македонската православна црква или католичката црква или евангелиско-методистичката црква, исламот или еврејската заедница, медиумите се многу малку упатени.“ вели Михаил Цеков од Евангелиско-методистичката црква

Верските заедници исто така сметаат дека религијата треба да биде почесто застапена во медиумите и да има поголема важност. Сепак, тие сложни околу потребата од поголема заедничка соработка.

„Тука сме присутни на овој семинар бидејќи како католичка црква мислиме дека еден на друг можеме многу да си помогнеме. Преку нашите дебати и семинари кои ги имаме, ова е 4ти по ред во низата семинари. Гледаме како некои работи можеме да ги научиме и ние од новинарите, и новинарите од нас. Така да можеме едни на други многу да си помогнеме во понатамошната наша соработка која е од суштинско значење и за самата црква и за другите верски заедници.“ изјави Отец Гоце Спасов од Католичката црква

Недостатоци постојат, но ваквите семинари се добар начин за сето тоа да биде надминато. Медиумите и верските заедници со една континуирана и професионална соработка имаат можност да промовираат едни поинакви вредности како што се солидарност, соработка и меѓусебна почит- додаваат тие.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top