Релативно стабилна е епидемиолошката состојба во Охрид


Релативно стабилна е епидемиолошката состојба во Охрид, отценува првиот човек на Центар за јавно здравје.  Малиот број на нови случаи во последните извештаи се должи на намален интензитет на тестирање изминатиов период и измените во протоколот и алгоритамот кои ги донесе Комисијата за заразни болести, вели Сашо Точков. Апелира охриѓани и понатаму да бидат дисциплинирани во поглед на мерките за заштита затоа што не очекува тежок период со почеток на есента.

 |   | 

Епидемиолошката состојба во Охрид, Струга, Дебрца, Дебар во моментов  е релативно стабилна. Бележиме стагнација на бројот на новоинфицирани лица со Ковид 19, вели директорот на Центар за Јавно здравје – Охрид, Сашо Точков.  Според него, малиот број на нови случаи во последните извештаи се должи на намален интензитет на тестирање изминатиов период и измените во протоколот и алгоритамот кои ги донесе Комисијата за заразни болести со кои веќе не е се потребни два последователни негативни контролни тестови за едно лице да се смета за оздравено од Ковид.

„ Тоа многу ја олени работата и на здравствените работници и на нас во ЦЈЗ но подобро е и за самите пациенти кои не треба да седат изолирани во домашни услови подолго од она што е потребно.
 Оваа , да ја наречам , релативно стабилна епидемиолошка состојба, во моментов, не значи дека треба да се опуштиме , не треба да ги запоставиме 4те важни препораки кои треба постојано да ги применуваме а тоа се правилно носење заштитна маска, држење дистанца не помала од 2 метри, ресто миење и дезинфекција на рацете и избегнување на собири , јавни собири, групирања.“ – вели Сашо Точков-  директор на Центар за Јавно здравје – Охрид

Од Центрите за јавно здравје низ државава до охридскиот стигнуваат информации за лица, претежно млади луѓе  кои според епидемиолошките анкети  биле во Охрид  на одмор за време на кој непочитувајќи ги мерките и протоколите се заразиле и потоа го рашириле вирусот кога се вратиле во своите градови.

„Охриѓани како да го препуштија продолжениот викенд на гостите, беа внимателни , во домашни услови и за среќа во Охрид немаме како последица на тоа групирање и неодговорно однесување на поединци немаме зголемен број на позитивни случаи на Ковид 19.“ – додава Точков.

Охрид полека ја остава летната сезона зад себе и се подготвува за есенскиот период во кој можен е зголемен број на пациенти со Ковид 19. Капцитетот на охридската болница планирано е да се зголеми со модуларна болница со капацитет од 40 легла, со целокупна опрема.  Општина Охрид во најбрз можен рок треба да го подготви теренот за монтажната болница со тампонирање на предвидениот простор, отворање на пристапен пат и поставување на водоводна и канализациона инсталација.

Во моментов се разгледуваат неколку опции за изведувачи на предвидените активности.  Со оглед на итноста ќе биде избрана опцијата која ќе овозможи најбрз почеток на изведување на зафатите. Штом се донесе одлука за тоа кој ќе биде изведувач, активностите веднаш ќе започнат. “ – велат од локалната самоуправа.

Во ЈЗУ „Општа болница“ – Охрид на Одделението за инфективни болести во моментов има 10 пациенти со  лесна клиничка слика  и 6 лица на Геријатриското оделение суспектни на вирусот за кои се чека резултат од тест.  

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top