Рекордот е соборен

Жените се покажаа поуспешни од мажите. На атлетскиот маратон кој годинава е во знакот на 25  јубилејно издание соборен рекордот во женска конкуренција. Србинката Ана Суботиќ го покажа тоа.

 |  Билјана Николовска  | 
maraton
маратон

maratonОдржан 25-тиот атлетски маратон во Охрид. Годинава тој беше во знакот на јубилејно издание, 25 години. Годинава жените се покажаа поуспешни од мажите со тоа што беше соборен рекордот во женска конкуренција, што мажите не успеаа во тоа само за 30 сек. Директорот на трката Влатко Димитриески рече дека оваа година атлетскиот маратон бил најмасовен. Тој кажа дека на првиот маратон кој се одржал во 1976 година стартувале само 4 атлетичари а годинава тој број е над стотина. Димитриески рече дека 30 километарската патека која не е лесна за истрчување воглавно поминала добро, со мали исклучоци.
Новата рекордерка на Атлетскиот маратон, србинката Ана Суботиќ за прв пат е во Македонија и многу е задоволна од постигнатиот успех. Таа за прв пат во нејзината кариера докрај без откажување ја минала маратонска патека, без проблем.
Инаку првопласираниот во машка конкуренција беше награден со 1.000 евра вториот доби 500 евра, а третопласираниот 300 евра. Со по 200 односно 100 евра беа наградени и маратонците кои на целта пристигнаа како четврти и петти. Кај жените наградата за прво место изнесуваше 800 евра за второ 400, а третата беше наградена со 200 евра. Наградени беа и најдобрите македонски учесници 100 за првиот кај мажите и 80 евра за првата кај жените. Ана Суботиќ заработи и дополнителни 200 евра за рушење на рекордот. Поголемиот дел од маратонците беа сместени во касарната, а оние поквалитетните престојува во хотел. Според организаторите годинешново издание на Атлетскиот маратон чинеше 12 илјади евра.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top