3.280 000 денари се кратат од буџетските ставки предвидени за реконструкција на улиците Будва и Прилепска. Активностите на терен за изведба на атмосферска и фекална канализација на овие улици нема да запрат, уверуваат од Сектор за комунални дејности сообраќај и улици. Средствата кои во овој буџет се кратат ќе се предвидат во нацрт програмите за буџетот за следната година.
За реконструкција на улицата Будва од потегот од пресек со Железничка до пресек со улицата Прилепска се кратат средства во износ од 12 милиони денари и за реконструкција на улицата Прилепска износ од 1 280 000 денари. Ова е резултат на измената на распоред на средства во Буџетот на Општина Охрид која беше на дневен ред на седницата на Совет. Средствата ќе се распределат во другите програми, а средствата кои во овој буџет се кратат ќе се предвидат во нацрт програмите за буџетот за следната година соодветно по ставки и сите предвидени активности ќе бидат завршени уверуваат од Сектор за комунални дејности сообраќај и улици и секретарот на Општината.
Во текот на вчерашниот ден доставен е налог до ЈП Нискоградба за изградба на атмосферска канализација на улицата Прилепска така што сакам да ве убедам дека тие средства што се кратат сега во буџетот ќе бидат предвидени во таа ставка во следниот буџет – кажа Секретарот на Општина Охрид, Александар Китески.
За опозицијата спорно беше кратењето на капиталните трошоци за реконструкција на улиците. Но со оглед на тоа дека беше изборна година кога не можеше планираното во целост да се реализира ја сфаќаме потребата откако ни беше дадено ветување дека активностите ќе продолжат и средствата ќе се предвидат во буџетот за наредната година, кажа координаторката на советничката група на СДСМ.
Ќе бидеме конструктивна опозиција и секогаш ќе ги поддржуваме одлуките кои се во интерес на граѓаните. Сметаме дека во иднина секогаш треба да се даде приоритет на подобрувањето на квалитетот на живеењето на граѓаните и да се изнаоѓаат начини повеќе да се вложува во капитални проекти, а не да се намалуваат капиталните трошоци – рече Живка Ангеловска, координатор советничка група СДСМ.
Измените на распоредот на средства во Буџетот за 2021 година опфаќаа три програми, за уредување градежно земјиште, програмата за јавно осветлување која беше дополнета со средства во износ од 5 600 000 ден и програмата за спорт и рекреација која се зголеми за 1 мил денари, средства за трансфер по доспеани фактури од ЈП Билјанини Извори со кои Општина Охрид ги субвенционира трошоците на спортски екипи кои тренираат на терените на СРЦ. Измените во програмите на одделни сектори и прераспределба на средства од буџетот за 2021 година, беа едногласно донесени.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град