РЕКОНСТРУИРАНИ ПУМПНИТЕ СТАНИЦИ ВО ТРПЕЈЦА И ЉУБАНИШТА

Со цел да се обезбеди поквалитетно, навремено, економично и енергетски ефикасно водоснабдување, ЈП „Водовод“ изврши реконструкција на пумпната станици во селото Трпејца (ПС „Трпејца“) и двете пумпни станици во селото Љубаништа (ПС„Љубаништа“ и ПС „Црн Дрим – Св. Наум“).

 |   | 

Реконструкцијата е извршена согласно стандардите за водоснабдување DIN 1988 и DIN EN 806 за транспортирање на вода од напоен до потисен резервоар, а сите делови на постројката се од материјали отпорни на корозија и со (WRAS/ KTW/ ACS) одобренија за вода за пиење.

Вкупната вредност на инвестицијата изнесува 4.120.000 денари, а средствата се обезбедени од Агенцијата за рурален развој во соработка со Општина Охрид. Покрај поставувањето на нови пумпи, извршена е и целосна замена на електричната и водоводна инсталација во објектите.

Новите пумпни станици значително ќе придонесат за ефикасно водоснабдување на двете населени места и на угостителските и сместувачките капацитети на овој потег. Исто така, според пресметките, со замена на пумпните постројки ЈП „Водовод“ годишно ќе заштеди околу 540.000 денари за потрошена електрична енергија и значително ќе ги намали средствата за редовно одржување на истите.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top