Вложените 25.000 евра, со новиот изглед ќе ја оправдаат оваа локација пред бројните љубителите на природата. Посебна привилегија за ќе имаат двата града Охрид и Ресен бидејќи неговата местополоќба го дозволува тоа.
Секое место си има свое значење. Националниот парк „Галичица“ се побрзо се движи по патот за одржлив развој на туризмот, што како главна определба ја има зацртано првиот човек на паркот Зоран Ангеловски. Имено, деновиве активно се чисти теренот кон атрактивното излетничко место „Корита“. Тука старата руинирана инфраструктура заменета е со нова. Првенствено територијата од околу 5 хектари целосно е исчистена,а постојаната стара и руинирана инфраструктура заменета е со нова. Станува збор за изградба на содржини од природни материјали пред се од камен и дрво. Директорот на паркот Зоран Ангеловски очекува дека новиот лик на ова атрактивно место ќе ги задоволи потребите на посетителите.
Местото ќе биде отворено за сите посетители, нема потреба од водич. Рејнџерите на паркот ќе бидат присутни а ќе се стават и дополнителни табли вели Ангелоски. Оваа местоположба е единственото место каде што во целост се гледа Охридското езеро и од тука видикот на пејсажните вредности се уникатни додава Ангеловски.
Во „Корита“ вложени се 25. 000 евра обезбедени од странска донација. На НП направена е целосна валоризација на вредностите, а од таму велат дека при крај е и 10 годишниот план за управување со паркот кој за прв пат е изготвен.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град