Реката Црн Дрим и притоките порибени со речна пастрмка

Реката Црн Дрим и притоките порибени со речна пастрмка.

 |  Јаковлева Лионела  | 
ribce
ribce

3000  речни пастрмки пуштени во водите на реката Црн Дрим и нејзините притоки Сатеска и Вевчанска река. Порибувањето на риболовниот ревир река Црн Дрим 1, е според годишната програма на концесионерот за организирање на рекреативен риболов  ЗРСК „Пастрмка“ од Струга. Порибувањето е чин кој што многу значи, па го практикуваме секоја година. За членовите на ова здруженеи чинот на порибување на рекатат не е само обврска туку и своевиде празник, а желба им е враќање на облежјето на Црн Дрим како река на речната пастрмка, вели Емил Матовски  претседателот на ЗРСК „Пастрмка“ од Струга.
риби
„ Реката од време била препознатлива по пaстрмката и  е  наша обврска да ја врaтиме пастрмката во реката како некогаш за секој да може спортските риболовци да ловат и уживаат во реката Црн Дрим, вели Емил Матовски, претседател на ЗРСК „Пастрмка“ од Струга.

Пуштањето на подмладокот на  речната пастрмка е направено во присуство на државниот инспектор за земјоделство Јован Бојчески.  Во таа  пригода инспекторот ги потенцира и очекувањата од порибувањето на речниот слив на Црн Дрим.

„ Порибувањето е извршено со автохтона речна риба пастрмка, во количина од 3.000 единки. Порибувањето е редовно од здружението „Пастрмка“ според Риболовната основа за риболовниот ревир и годишниот план на друштвото поднесено до  министерството за земјоделие. Се надеваме дека со ова порибување овој ревир ќе биде се поатрактивен за рекреативните и спортските риболовци“, изјави  Бојчовски.
риба
Подмладокот на автохтоната речна пастрмка има просечна големина од 10 до 30 грама. Подмладокот е одгледан  во  струшкото мрестилиште „Шум“, дел од  Институтот за сточарство .

 Од Пастрмка апелираат до сите риболовци да ја чуваат и штитат пастрмката, а нивната рибочуварска служба нема да толерира никакви прекршувања на забраната. Уредбата  важи од 15-ти октомври до 1-ви март. Тие информираат дека нивната рибочуварска служба ќе врши строги контроли во овој период од годината.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top