ОК ВМРО ДПМНЕ – Охрид денеска пак ја отворија темата за намаленото ниво на Охридското Езеро. Ништо не е спорно – намалениот водостој е факт. И секако не загрижува сите. Но треба здраворазумно да се размислува дека за ова што последниве месеци му се случува не само на Езерото туку и на останатите водени ресурси во земјава, па и пошироко не се виновни ниту СДСМ, ниту градоначалникот на Охрид , Константин Георгиески, ниту пратеничката Жаклина Лазаревска.

И од ВМРО ДПМНЕ добро знаат дека годинава имаме значително помалку врнежи од дожд и снег . Но , ним и треба само тема преку која ќе може да ја плукаат власта, независно дали се во право или НЕ.
– Денеска, токму мојот поранешен ученик Александар Здравески се осмели да направи моја макета од картон – демек пародија за она што некогаш сум го говорела, вели пратеничката Лазаревска и додава: – Среќна сум што тој еве она што го научил некогаш од мене од ИТ технологијата сега добро го применува. Тој и сите од ВМРО ДПМНЕ и јавноста нека знаат дека СДСМ како одговорна партија се залага за заштита на животната средина и Езерото, но против природната нерамнотежа и лошата хидролошка состојба тешко е да се бориме, изјави пратеничката Лазаревска.
СДСМ и пред само десет дена реагираше на изјавата на екс министерот за земјоделство Цветан Трипуновски од ВМРО ДПМНЕ дека тераат политиканство.Како што објавија и АД Електрани на Северна Македонија, ХЕС Црн Дрим управува со истекот на вода од Охридско Езеро и предизвикува регулирано осцилирање на нивото, при тоа секогаш водејќи сметка тоа осцилирање да го следи природното, што значи во месеците мај-јуни да ја достигне максималната вредност а во октомври – ноември минималната.
Според издадената водостопанска дозвола од Министерството за животна средина, дозволено е осцилирање помеѓу котите 693.10 и 693.75. Оваа 2020 година е значително сува година и со остварено производство на електрична енергија на ХЕС Црн Дрим од само 70% од просечното.
Согласно обврските од Водостопанските дозволи, Владата предводена од СДСМ донесе одлука да се запре со производство на електрична енергија од хидропотенцијалите, со цел да се заштити животната средина и биодиверзитетот.Планирано е испуштање на вода само за обезбедување на биолошкиот минимум на реката Црн Дрим, со што и нивото престанува да се намалува ада се мнадеваме дека конечно со доаѓањето на есенските врнежи ќе почне и да расте, се вели во реакцијата на Центар за комуникации СДСМ – Охрид.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град