• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Регионална конференција за реадмисија и зајакнување на капацитетите на структурите за миграција на Западен Балкан

Регионална конференција за реадмисија и зајакнување на капацитетите на структурите за миграција на Западен Балкан

Ефективните политики за враќање, реадмисија и реинтеграција на мигрантите, со целосно почитување на меѓународното право и стандарди, се централни аспекти на доброто управување со миграциите и главна тема за дискусија на Регионалната конференција за реадмисија и борбата против нерегуларната миграција во Западен Балкан, која се одржува од 27 до 29 октомври 2021 година во Охрид, Македонија.

 |   | 

Ефективните политики за враќање, реадмисија и реинтеграција на мигрантите, со целосно почитување на меѓународното право и стандарди, се централни аспекти на доброто управување со миграциите и главна тема за дискусија на Регионалната конференција за реадмисија и борбата против нерегуларната миграција во Западен Балкан, која се одржува од 27 до 29 октомври 2021 година во Охрид, Македонија.

Конференцијата е втора од низата настани за подигнување на свеста, коорганизирани од страна на Регионалната иницијатива за миграции, азил и бегалци (МАРРИ), Хилфсверк Интернешнл (Hilfswerk International), и партнерската организација Здружение за помош и развој ХАЈДЕ од Босна и Херцеговина, под покровителство на проектот „Намалување на нерегуларната миграција во ЕУ преку зајакнување на капацитетите на структурите поврзани со миграцијата во Западен Балкан“, кофинансиран од Фондот за азил, миграција и интеграција (АМИФ) и од Федералното министерство за внатрешни работи на Австрија. Со уводни излагања, конференцијата ја отворија Државниот секретар на Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, м-р Магдалена Несторовска, амбасадорот на Република Австрија во Скопје, Неговата Екселенција д-р Георг Вуцас, регионалната директорка на Хилфсверк Интернешнл за Балканот, г-ѓа Сузана Јашаревиќ, и директорот на Регионалниот центар (МАРРИ), г. Сашко Коцев.

Потребата од заедничка соработка во областа на враќањата и реадмисијата е препознаена од сите релевантни странски партнери, што, секако, е за поздравување. Потребна е понатамошна поддршка околу иницирањето преговори и потпишувањето договори за реадмисија со земјите на потекло, но исто така и соодветна поддршка за нивната имплементација во делот на фазата пред враќањето и во делот на самото спроведување на враќањата – во своето обраќање изјави Државниот секретар, м-р Несторовска. 

Целта на оваа Конференција е собирање на релевантните чинители за реадмисија и подигнување на свеста за прашањата, предизвиците и новите начини на работа што се присутни во регионот, разменување искуства и добри практики, особено во обезбедувањето правна основа (договори или аранжмани за реадмисија) и нејзина практична имплементација, како и зајакнување на соработката со релевантните органи од земјите на потекло на мигрантите, особено од земјите од Блискиот Исток, Централна Азија и од Северна Африка. Во своето уводно обраќање, регионалната директорка на Хилфсверк Интернешнл за Балканот, г-ѓа Сузана Јашаревиќ, изјави:

Реадмисијата и враќањето во овој момент се веројатно две клучни прашања што предизвикуваат интерес, но и загриженост кај сите земји учеснички и кај безбедносните претставници. Тоа е, исто така, предизвикувачки процес што претпоставува силна регионална соработка, која допрва треба да се гради“, додавајќи дека „особено ја цениме поддршката на Заедничката координативна платформа (JCP) и Австриското федерално министерство за внатрешни работи (BMI) во развојот на регионалниот дијалог и регионалните капацитети, со цел да се иницира креирањето поцврсти политики за враќање и реадмисија.

Надополнувајќи се на изјавата на г-ѓа Јашаревиќ, директорот на Регионалниот центар (МАРРИ), г. Сашко Коцев, нагласи дека cо оглед на тоа што на околу 500 000 нерегуларни мигранти во Европа им е наредено да се вратат во нивните матични земји, прашањето на реадмисијата е поитно од кога било досега.

Конференцијата е организирана како тридневен настан во хибриден формат со осум тематски сесии, при што во нив активно ќе се вклучат различни чинители за реадмисија.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top