Втора регинална конференција на министерството за внатрешни работи за соработка на единиците за внатрешна контрола. Гостите порасположени за разговор од домаќините. Поради тоа за темата и средбата проговори.
„ Минатата година го имавме првиот дел од оваа конференција а во тек на таа конференција зборувавме за корупцијата во полицијата, начините за борба против истата за легислативата… и годинава се фокусираме на тоа како може да се воспостви регионална соработка за борба против ваквиот феномен“, истакна директор на оделот за рзвој на полиција ОПСЕ, Паоло Коста.
Тој додава дека во текот на конференцијата дискутирале како различните служби можат да соработуваат во борбата против овој феномен. Гостинот се огради и не сакаше да даде одговор на прашањето кои се странските искуства доколку полицаец нападне невини граѓани, а не одговори ни на прашањето дали е запознаен со последниот случај во Македонија кога беше убиено младо момче од страна на полициски службеник.
„Јас и на почетокот реков ќе зборувам само за конференцијата, неможам да зборувам во име на претставниците од другите земји, но би ве повикал нив да ги запрашате“, вели Коста.
Организатори на Дводневната Регионална конференција на единиците за внатрешна контрола од полициските служби на земјите од регионот, се македонското МВР, мисијата на ОБСЕ и амбасадата на САД (Програмата ИЦИТАП) во Македонија.
На конференција присуствуваат претставници од Бугарија, Албанија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Романија, Србија, Словенија и Труција. Конференцијата е посветена на “методологиите за докажување на корупцијата и соработката на службите за внатрешна контрола од регионот за нејзино спречување“.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град