• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Реформата на јавната администрација, главна тема на 70та средба на правниците од земјава

Реформата на јавната администрација, главна тема на 70та средба на правниците од земјава

Според заменик министерот за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска-Томовска неколкуте закони кои ја опфаќаат оваа тематика се едно модерно и европско решение.

 |  Мишел Наумоски  | 
pravnici
правници

Измените во сетот на закони кои ја регулираат јавната администрација носечка тема на 70та по ред средба на правниците од Република Македонија.

Tomovska administracijaЗаменик-министерот за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска-Томовска смета дека  измените во законите кои ја опфаќаат јавната администрација се во насока на обезбедување на поефикасна и поефективна јавна администрација.

„Постојат повеќе новитети во законот, во сетот на закони, се работи за сет од закони кои беа усвоени. Генерално постапката на вработување, на селекција, на стручниот развој, стручното усовршување на вработените, тоа ќе биде клучен момент, исто така мерењето на ефектот односно на учинокот за да може секој вработен да биде отчетен за својата работа за да може да се мерат резултатите на тој начин да се наградуваат вработените, да се мотивираат за уште подобра работа. Има серија на новини, важно е тоа што при изработката на овие закони беа консултирани странски и домашни експерти.“-рече заменик министерот за информатичко општество и администрација на Република Македонија, Марта Арсовска-Томовска.

sredba pravniciПретседателот на Здружението на правници од земјава, Тито Беличанец, се согласува дека измените во законската регулатива која ја опфаќа јавната администрација е најактуелно прашање во моментот.

„Овој проект допрва ќе биде предмет на реализација и токму затоа материјалите се подготвени со намера да го презентираме проектот, а секако на наредните наши средби, советувања, ќе ги доразработуваме поединостите кои ќе бидат доразработени во подзаконските акти кои верувам се во фаза на подготовка.“-вели претседателот на здружението на правници на Р.М, Тито Беличанец.

Покрај измените во правната регулатива која ја опфаќа јавната администрација, на дводневната средба на правниците ќе се дискутира и околу правилникот за воедначување на изрекувањето на кривичните санкции, а ќе биде опфатена и областа на деловното право и изработка на граѓански кодекс.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top