Редици пред Корисничкиот Енерго Центар на ЕВН Охирд

Доколку сакате да платите сметка на шалтер во Корисничкиот Енерго Центар на ЕВН во Охрид, не планирајте ништо друго за тој ден и добро истренирајте ги нервите. Ова е советот од граѓаните кои со саати чекаат ред за плаќање на сметките. Како што изминува рокот за плаќање така редиците се подолги а од двата шалтери работи само еден.

 |  Николоска Биљана  | 
evn
евн

evnРедици пред шалтерите на Корисничкиот Енерго Центар на ЕВН во Охрид. Не ретко редицата од граѓани кои чекаат да си ги платат сметките излегува дури и надвор.  Нервоза и напнатост може да се забележи кај граѓаните, велат дека проблемот е во тоа што многу бавно се извршува плаќањето. Граѓаните сметаат дека доколку празните столчиња на пунктовите се исполнат со кадар на ЕВН, би се намалил метежот.

„Пола саат чекам треба да се запосли уште една работничка Не е ова издржливо на ваков начин не се работи ние не сме отука не живееме тука ама вака не е добро. Повеќе шалтери, а тука само еден шалтер работи секаде каде што одиме гледаме правила а никаде правилата не се почитуваат. Овде има две работни места горе седат во книговодство седат колку сакаш треба да има и тука парите не можат да си ги соберат луѓето бегаат“.

evn

Портпаролот на ЕВН, Атанас Ковачевски, вели дека на неколку места низ државата се вовел систем за ред на чекање, со што се следат состојбите на наплатните места и се утврдуваат дополнителни потреби и од персонал и од услуги. Тој додава дека нудат повеќе услови да се плаќа од дома преку компјутер.

„Значи буквално се може да се прати од дома или од најблиското место на живеење на нашите корисници немора да се оди до наплатните пунктови и таму да се чека кога е зголемена фрекфенцијата и по повеќе минути.

Најдобрата или наједноставната услуга која ги решава сите недоразбирања на корисниците е потпишувањто на трајниот налог во банка, доволно е само корисникот да има доволно средства на својата сметка и редовно ќе се одвојуваат средства за плаќање на сметките во рок со што ќе се избегнат многу работи и задоцнето плаќање на сметките и камата за задоцнето плаќање и доставата се ќе биде решено. Значи трајниот налог, е фактура, е пункт и сите друг услуги кои ги нудиме на корисниците се со цел тие да можат поедноставно да ги плаќаат сметките“.

kovaceskiНајголем  дел од граѓаните кои ги анкетиравме воопшто не слушнале за електронските начини на плаќање кои ги нуди ЕВН, додека за други тоа било комплицирано. Пензионерите пак, кои откако ќе ја подигнат пензијата прво се упатуваат на шалтер во ЕВН да си ја платат струјата не сакаат ни да слушнат за плаќање преку компјутер. А тука се и иселениците во странство кои имаат станови и куќи во Охрид и својот краток престој во родниот град го користат да ги измират сметките за цела година.

Ковачески ги упатува граѓаните за било која информација од ЕВН да се јават на 0800 50 12345 или пак да ја користат услугата на говорното сандаче 089 089 089 каде што корисниците можат да добијат информации за моменталниот и вкупниот долг кон ЕВН.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top