Откога после еден час доцнење започна 54тата седница на Советот на Општина Охрид и советниците експресно претрчаа преку три точки, тие се сопна кај четвртата-Одлуката за изменување и дополнување на Буџетот на единицата на локална самоуправа Охрид за 2012 година.
54-тата седница на Советот на Општина Охрид невообичаено кратака. На дневен ред беа ставени само четири точки и уште една дополнителна која беше додадена на барање на Комисијата за финансии и буџет. Советниците на првите три точки беа прилично комотни. Но, атмосферата се загреа кога на ред дојде четвртата точка- Одлуката за изменување и дополнување на Буџетот на единицата на Локална самоуправа Охрид за 2012 година. За опозицијата нема никаква оправданост да се прави ребаланс на буџетот бидејќи како што потенцираа тие уште при неговото донесување укажувале дека проекцијата на неговите ставки е сосема погрешна. Дејан Пановски, координаторот на советничката група од ВМРО ДПМНЕ, вели дека Општина Охрид буџетот за 2012 тотално го нарушила со неисполнување на приходната страна за дури 11%.
Покрај проблемот со приходната страна на буџетот на општина Охрид и големите отстапување од планираните средства кои требаа да влезат во касата на општината по разни основи, за советниците од ВМРО ДПМНЕ уште полоша е состојбата на расходната страна каде се скратени сите капитални инвестиции кои би биле во интерес на граѓаните. Според советничката од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Јованка Дамоска Секулоска расходите се за 1 мил и 800 000 евра поголеми од планираното.
Претседателот на комисијата за финансии и буџет пак, Ахмет Патељ вели дека сосема е нормално да се прави ребаланс на буџетот бидејќи тоа е економска појава која се практикува во сите општини.
По едночасовна жолчна дискусија оваа точка сепак беше усвоена.
Инаку, Советот на Општина Охрид на оваа седница даде зелено светло и за Одлуката за усвојување на оперативната Програма за организирање и функционирање на зимската служба на подрачјето на град Охрид, приградскте и селските населби за 2012/2013 година, Одлуката за усвојување на годишната Програма за работа на Работничкиот универзитет „Кузман Шапкарев“- Охрид во учебната 2012/2013 година, Одлука за воспоставување на соработка помеѓу општина Охрид и општина Инџија и Како и дополнителната точка која се стави на дневниот ред, а тоа е Одликата за распределба на државните резерви на нафта наменети за греење на училиштата за Општина Охрид.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град