Спортски спектакл, реално шоу ќе се снима во Охрид. Во наредните две недели 18 фајтери и 5 капетанки преку гладијаторски борби ќе се трудат да ја освојат главната награда на организаторот од 30 илјади долари.
Спортски спектакл, реално шоу ќе се снима во Охрид. Во наредните две недели 18 фајтери и 5 капетанки преку гладијаторски борби ќе се трудат да ја освојат главната награда на организаторот од 30 илјади долари.
Освен класичните натпревари во кик-бокс меѓу учениците од Соединетите Американски држави, Колумбија, Канада и европските земји, шоуто ќе биде збогатено со дополнителни содржини, како задачи за натпреварувачите. Ќе има трчање по угорнина до селото Велестово, некои натпреварите ќе се одвиваат на плажата Куба Либре, а дел од натпреварите ќе се одиграат на Античкиот театар, каде ќе има игри и борби во стилот на стариот гладијаторски начин.
„Главниот спортски спектакл ќе се случува во петок на 12 август во спортската сала Биљанини извори и вториот настан, на 17 август на античкиот театар. Охрид како туристички град има многу голема потреба од промоција. Дај болже да има уште десет вакви реклами би било одлично. Ќе има 18 учесници и плус 5 жени кој ќе се во улога на капетани“, вели организаторот Роберто Велески од Каратанова турс.
Целиот настан ќе се снима со десеттина камера и најсовремена друга опрема.Ќе бидат изработени вкупно 13 епизоди кои ќе се емитуваат еднаш во неделата. Настанот е во организација на продукциската куќа од Холандија Инфјужн.
Реалното шоу кое ќе се снима во Охрид ќе биде бесплатна промоција за Охрид и неговите убавини. Ќе се емитува на повеќе од 70 телевизиски канали на сите контитенти.
Сите оние кои ќе сакаат да бидат дел од реалното шоу билетите за истото чинат 200 денари, а главните борби ќе можат да ги сладат 12 август во спортската сала Билјанини извори и на 17 во античкиот театар.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град