Реализација на капиталните проекти во Охрид

Тематска прес конференција на членовите од Комисијата за урбанизам, за досега реализираните проекти за изградба на капитални објекти, за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ.

 |  Крсте Голабоски  | 
pres
прес

Капиталните проекти и нивна реализација, тема на денешната прес конференција на О.К на ВМРО-ДПМНЕ.  Претседателот на комисијата за урбанизам, Горан Патчев, се осврна на законите и измените на законите од оваа сфера, како новодонесениот Закон за Охрид, измените на Законот за градежно земјиште, Законот за третман на бесправно изградените објекти итн. Патчев, посебен акцент стави на остварените инвестиции на владата на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид и околината, во последните две години.

•           Изградба на Булеварот Железничка                                              2.4 км        149.876.805 ден

•           Реконструкција на патот за с. Орман                                             3,5 км                15.339.273 ден

•           Реконструкција на патот за с. Велгошти                            2.4 км                  7.511,288 ден

•           Реконструкција на патот за с. Волино                                            1,5 км                  3,536,519 ден

•           Реконструкција на патот М4 – с. Лактиње                          2.3 км                  4,347,179 ден

•           Реконструкција на патот М4 – с. Врбјани                            2.4 км                  5,198,195 ден

•           Реконструкција на патот М4 – с. Годивје                            3,5 км                  5,694,149 ден

•           Реконструкција на патот с. Оровник – Манастир Св. Недела      1,5 км                  4,562,267 ден

Вкупната должина на изградените и реконструираните патишта е 19,6 километри со вкупна вредност со 196.065.676,оо денари.

Од комсијата информираат дека изградбата на патните правци кон населените места во РМ е од суштинско значење за подобрување на животот на граѓаните, како и за обезбедување услови за поголем и подинамичен економски развој на државата. Исто така, посочија дека е изградена втората фаза на Музејот на вода „Залив на коските“ во Градиште, а при крај се подготвителните работи за изградба на комплексот Светиклиментов универзитет на Плаошник.

„Владата на ВМРО-ДПМНЕ изврши чистење на каналите на повеќе реки во Охрид, од кои и коритото на реката Сатеска која со години наназад го поплавуваше.Владата на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид изгради и две згради со вкупно 141 стан, од кои 71 за социјално загрозени семејства и 70 комерцијални станови со поволна цена. Вкупната инвестиција изнесува 245 000 000 денари. Во тек е припрема за изградба на уште две згради со околу 160 станови за повеќе категории на граѓани, велат од О.К на ДПМНЕ.

Претседателот на комисијата се осврна и кон реконструкција на старата болничка зграда во комплексот медицински центар Охрид, со што градот ќе добие современа поликлиника, додатно опремена со најсовремена медицинска опрема. Стана збор  и за предавањето во употреба на реконструираниот аеродром „Свети Апостол Павле“ во Охрид, токму пред почетокот на престојната туристичка сезона, кое е од големо значење за Охрид и развојот на туризмот во регионот. За крај, од комисијата посочија дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид гради и ќе гради КАПИТАЛНИ објекти кои се во интерес на сите граѓани.
Јавно ги замолија граѓаните да се сетат на еден единствен капитален објект кој го изгради СДСМ и нивниот Градоначалник.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top