Претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ, Атансако Михаилов реагира на обвинувањата упатени кон него но и кон неговата матична партијата вчера од страна на раководителите на секторите при локалната самоуправа.
Претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ, Атансако Михаилов реагира на обвинувањата упатени кон него но и кон неговата матична партијата вчера од страна на раководителите на секторите при локалната самоуправа.
„И вчера се покажа бедата на локалната самоуправа и злоупотребата на локалната како пресс центар на СДСМ. Недозволиво е локалната самоуправа која ја плаќаат сите, да се користи како пресс центар на СДСМ“, вели претседателот на Ок Атанаско Михаилов. Тој додаде дека наместо да работат раководителите на секторите тие се преокупурани со меѓусебни препукувања, расправии, измислувања, лични навреди и провокации без ниту еден аргумент.
Претседателот на ОК од секретарот на локалната побара јавно да каже зошто локалната има нови 5 милиони евра долг, на што се потрошени овие пари и што доби градот од новото задолжување.
„Секретарот каза се само не кажа каде одат 10 милиони евра пари на граѓаните и каде ги трошат освен што си купуваат луксузни возила. Експертот за патишта нека каже зошто по туристичка и по кој закон наплатуваат паркинзи кога се работи за јавен транзитен пат кој завршува со граничен премин. Истиот пат е во ингеренции на државата т. е Македонија пат. И ги повикувам граѓаните на тој пат да не плаќаат паркинзи затоа што по сите сознанија кои ги имам тоа е назаконски“, истакна претседател на ОК на ВМРО ДПМНЕ, Михаилов.
Претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ реагираше и на изјавата на директорот на ЈП Охридски комуналец. Од него но и од неговите колеги, директори на останатите ЈП побара уште еднаш јавно да одговорат зошто и што плаќаат граѓаните.
„Директорите на ЈП треба да им одговорат на граѓаните и да им кажат дали парите кои се нивни за плаќање на кредити им ги задржува и зошто, зошто зема кредити за ликвидност кога колку толку многу го испофалил Фуере, а претставува монопол нака каже зошто граѓаните добиваат толку големи сметки и зошто воведуваат нови давачки, растурија ново претпријатие за да ги вдомат своите партиски војници“, истакнува претседател на ОК на ВМРО ДПМНЕ.
Михаилов потенцираше дека ВМРО ДПМНЕ преку пресс конференции и во иднина ќе ги информира охриѓани што се случува во градот , затоа што како што кажа граѓаните имаат право да знаат каде одат нивните пари. „Охрид со овие луѓе само ќе тоне. Одговорно тврдам дека градот оди надолу. На Охрид, му се неопходни нови локални избори, за да се промени оваа структура“ истакна претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ Атансако Михаилов.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град