Од локалната реагираат на обвинувањата на ОО СДСМ

СДСМ повторно со неаргументирани напади има намера да се амнестира од катастрофалната состојба во која ја доведоа општина Охрид.

 |  Јаковлева Лионела  | 
Општина Охрид
Opstina Ohrid

Фактот што без никаква потреба, освен партиска, осум години ја пренатрупуваа општинската адмнинистрација, за Социјалдемократите не е некоја значајна појава.
Градоначалникот Бакрачески ја затекна Општина Охрид со 265 вработени, во најголем број со статус на државни службеници. Голем дел од нив досега биле без работни задачи или пак незнаеле кои им се работните обврски. Дополнително, затекнати се уште 160 вработени со договори за дело, од кои преку половината со заобиколување на Агенцијата за вработување. За над 90 % од овие времени вработувања нема евиденција дека се појавиле на работните места или дека извршувале некакви работни задачи. Споредбено, општина Охрид има 5 пати повеќе администрација од европскиот просек и убедливо најголем број на локална администрација во Република Македонија. Во 2005 година, СДСМ ја затекна општинската администрација со 52 вработени. Само во периодот фебруари-март оваа година, во екот на предизборната кампања, вработени се четириесеттина државни службеници, без некоја елаборирана потреба од нив. Најголем дел од административните вработувања имаа нелогични описи на работните обврски, работните места се систематизирани со несоодветно образование со описи на работни задачи кои се апсолутно неефикасни и вон секој критериум за административно работење. општина охрид
СДСМ и поранешните раководни структури во општината, со огромниот број нерационални вработувања, свесно ја уништуваа општината и јавните општински претпријатија, иако знаеја дека тие вработувања освен за партиски манипулации, неможат да бидат ниту економски, ниту професионално оправдани. Таквото нивно уништувачко спроведување на партиските агенди, без грижа за последиците, ја направија општина Охрид неславен рекордер во Р.Македонија и Балканот по евидентирани долгови, чии што последици идните години  ќе ги чувствуваат 55 илјади граѓани.
 Новата организација и систематизација на општинската администрација има за цел да ја стабилизира состојбата со општината и да создаде административен систем кој ќе биде во насока на потребите на граѓаните, а не на некои корумпирани поединци. Веројатно, тоа е она што е тешко разбирливо за охридските социјалдемократи.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top