Реакција од Локална самоуправа на пресот на пратеникот Шокароски во Трпејца

„Шокароски да одговори што направи неговата партија ВМРО-ДПМНЕ за Трпејца“ – стои во реакцијата од локалната.

 |   | 
lokalna
lokalna

„Шокароски да одговори што направи неговата партија ВМРО-ДПМНЕ за Трпејца“ – стои во реакцијата од Локалната самоуправа на денешната прес конференција на пратеникот од ВМРО ДПМНЕ, Харалампие Шокароски во с. Трпејца.

opstinaПратеникот на ВМРО- ДПМНЕ од Охрид. Харалампие Шокароски , продолжи да ги злоупотребува жителите на Трпејца , за да ја одработи партиската агенда и да собере некој ситен политички поен. Со познатата реторика и голо повторување на лаги и клевети , упорно го напаѓа градоначалникот Александаар Петрески и Локалната самоуправа.

Господине Шокароски , доколку имате доблест и ги почитувате граѓаните , јавно треба да кажете што има направено власта на ВМРО- ДПМНЕ во Трпејца . За разлика од вас , ние со високо крената глава , секогаш сме биле  и можеме да отидеме во Трпејца , зошто таму сме инвестирале и ќе инвестираме за да им го подобриме животот на жителите на оваа позната туристичка населба.

Локалната самоуправа во мандатот на градоначалникот Александар Петрески  изгради нов резервоар и водовод. Поплочени  се улиците и уредено и асфалтирано е средселото , а за брзо време  ќе почне реконструирањето на училиштето.

Што се однесува до дивоградбите ,  ве посетуваме дека градоначалникот Александар Петрески и локалната самоуправа ,  работат во склад со законите и по завршувањето на постапките , ќе ги  урива оние објекти кои нема да се легализираат. Меѓу нив е еден голем дивоизграден објект на висок функционер од партијата ВМРО- ДПМНЕ , па очекуваме, кога ќе се урива овој објект, во Трпејца да присуствува и Шокароски.    

Кабинет на градоначалникот Александар Петрески

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top