Реакција од Локалната на отвореното писмо на охридските пратеници од ВМРО-ДПМНЕ

Локална самоуправа: Народните избраници на ВМРО ДПМНЕ манипулираат со народот во Трпејца.

 |   | 
opstina
општина

Локалната самоуправа со соопштение реагира на наводите изнесени во отвореното писмо на пратениците на ВМРДО ДПМНЕ Александар Николоски и Харалампие Шокароски, во врска со актуелните случувања во с. Трпејца. Во реакцијата стои:

Пратениците на ВМРО- ДПМНЕ од Охрид , Александар Николоски и Харалампие  Шокароски, продолжуваат  да ги манипулираат жителите на Трпејца, кои во нивното отворено писмо се дистанцираа од било какви  политички злоупотреби. Немајќи храброст уште еднаш да се сретнат  со трпејчани , народните избраници на ВМРО- ДПМНЕ , со отворено писмо до јавноста, продолжија, за ситно партиски интереси , да ги подбуцнуваат  и да ги делат граѓаните, фрлајќи ја  вината на Локалната самоуправа и градоначалникот Александар Петрески.

Градоначалникот Александар Петрески и Локалната самоуправа  , транспарентно , во повеќе наврати , објаснија дека се донесени решанија за уривање на дивоградбите во Трпејца и  во согласнот со законските прописи , по нив ќе се постапува. Покрај  спорната дивоградба, надлежните  органи ќе ги урнат и дивоградбите на познати  членови на ВМРО- ДПМНЕ, за кои Николоски и Шокароски , се прават недоветни  и сакаат на трпејчани да им покажат дека само тие се грижат за редот и поредокот во оваа населба, во која ,  реално ,  политичката припадност не е била причина за меѓсоседски делби.

Го прифаќаме предупредувањето и цитирањето на членови од законите во отвореното писмо на Николоски и Шокароски и очекуваме, утре двајцата да  свикаат прес конференција на Плаошник , на која,  на граѓаните ќе им објаснат како тие се применуваат во случајот со најголемата дивоградба во Охрид. Нека се исправат пред јавноста , заедно со првите луѓе на Министерството  за култура и Дирекцијата за заштита на културното наследство и нека објаснат што се случува на Плаошник.

Ние ги почитуваме светите места и цврсто стоиме зад нивната зашита. За разлика од народните избраници од ВМРО- ДПМНЕ, го почитуваме светилиштето во Трпејца, ги почитуваме сите светии, а особено оние на Плаошник. Пратениците на ВМРО- ДПМНЕ од Охрид Николоски и Шокароски , очигледно ги политизираат дури  и светите места. Доколу, тие и нивното партиско и владино водство, сметаат дека  не е така , очекуваме дека  утре на Плаошник , најсветото место во православието, ќе соберат храброст, да изустат  барем дел од вистината. 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top