Локална самоуправа: Народните избраници на ВМРО ДПМНЕ манипулираат со народот во Трпејца.
Локалната самоуправа со соопштение реагира на наводите изнесени во отвореното писмо на пратениците на ВМРДО ДПМНЕ Александар Николоски и Харалампие Шокароски, во врска со актуелните случувања во с. Трпејца. Во реакцијата стои:
Пратениците на ВМРО- ДПМНЕ од Охрид , Александар Николоски и Харалампие Шокароски, продолжуваат да ги манипулираат жителите на Трпејца, кои во нивното отворено писмо се дистанцираа од било какви политички злоупотреби. Немајќи храброст уште еднаш да се сретнат со трпејчани , народните избраници на ВМРО- ДПМНЕ , со отворено писмо до јавноста, продолжија, за ситно партиски интереси , да ги подбуцнуваат и да ги делат граѓаните, фрлајќи ја вината на Локалната самоуправа и градоначалникот Александар Петрески.
Градоначалникот Александар Петрески и Локалната самоуправа , транспарентно , во повеќе наврати , објаснија дека се донесени решанија за уривање на дивоградбите во Трпејца и во согласнот со законските прописи , по нив ќе се постапува. Покрај спорната дивоградба, надлежните органи ќе ги урнат и дивоградбите на познати членови на ВМРО- ДПМНЕ, за кои Николоски и Шокароски , се прават недоветни и сакаат на трпејчани да им покажат дека само тие се грижат за редот и поредокот во оваа населба, во која , реално , политичката припадност не е била причина за меѓсоседски делби.
Го прифаќаме предупредувањето и цитирањето на членови од законите во отвореното писмо на Николоски и Шокароски и очекуваме, утре двајцата да свикаат прес конференција на Плаошник , на која, на граѓаните ќе им објаснат како тие се применуваат во случајот со најголемата дивоградба во Охрид. Нека се исправат пред јавноста , заедно со првите луѓе на Министерството за култура и Дирекцијата за заштита на културното наследство и нека објаснат што се случува на Плаошник.
Ние ги почитуваме светите места и цврсто стоиме зад нивната зашита. За разлика од народните избраници од ВМРО- ДПМНЕ, го почитуваме светилиштето во Трпејца, ги почитуваме сите светии, а особено оние на Плаошник. Пратениците на ВМРО- ДПМНЕ од Охрид Николоски и Шокароски , очигледно ги политизираат дури и светите места. Доколу, тие и нивното партиско и владино водство, сметаат дека не е така , очекуваме дека утре на Плаошник , најсветото место во православието, ќе соберат храброст, да изустат барем дел од вистината.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град