Реакција од Локалната во врска обвинувањата од СДСМ предизвикани од случувањата на денешната свечена седница по повод 11-ти Октомври.
Небулозно е тврдењето на оваа партија дека градоначалникот Бакрачески не ги поздравил борците, бидејќи целата јавност заедно со борците го слушаа говорот на градоначалникот со кој беа поздравени.
Очигледно говорот не го слушнало највисокото раководство на СДСМ – Охрид и нивните избрани советници во советот, бидејќи елитата од СДСМ не ги удостои борците и големиот празник 11 Октомври со нивно присуство. Токму оваа елита која го игнорира празникот треба да се извини на борците за игнорирањето кон оние кои се бореа за слободата и устоличувањето на елитата од СДСМ на функции кој ги ползуваа 50 години, а денес ги игнорираат борците и големиот празник.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град