Реакција од кабинетот на градоначалникот во врска изјавата на Директорот на Центарот за јавно здравје, Атанаско Михаилов за годинешното прскање против комарци.
-Нека не се грижи Атанаско Михаилов дали Локалната самоуправа ќе спроведе прскање против комарци. Како и минатата година, така и оваа со подобрување на временските прилики ќе се организира прскање против комарци, кое ќе биде ефикасно, а не како што предлага Михаилов, тоа да се врши во нестабилно време. Тој како лекар би требало да знае дека по прскањето, ако заврне дожд, нема да има ефекти и бадијала ќе се потрошат планираните буџетски средства.
Директорот на Центарот за јавно здравје Атанаско Михаилов знае, дека неговата институција не е опремена за вршење прскање против комарци, но и натаму сака да прави бизнис од оваа активност. Му советуваме, наместо за комарците, повеќе да се грижи за здравјето на охриѓани, кои сега ја немаат Општата болница, а секој ден се очекува да падне кровот на амбулантата „ Маларична“, стои во реакцијата од кабинетот на градоначалникот Петрески.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град