Реакција без акција

Акцијата следува кога општината ќе биде во финансиска можност.

 |  Билјана Николовска  | 
Mitre Veljanoski
Митре Велјаноски

pp-aparatПосле вчерашниот прилог на ТВМ, за ненавременото сервисирање на противпожарните апарати во училиштата, денес реакција од Локалната самоуправа – “нема место за паника”, но се согласуваат дека постои проблем. Раководителот на Секторот за јавни дејности, Митре Вељаноски, вели дека секоја година Локалната самоуправа издвојува 700 000 илјади денари за санација и набавка на нова противпожарна опрема. „Најмал е проблемот за сервисирање и полнењето на ПП апаратите“, вели Вељаноски и додава дека проблемот е покомплексен.
„Она што е полнењето и сервисирањето на ПП апаратите е најмалата работа, најситниот дел…….ние одиме чекор понатаму бидејќи во повеќе од училиштата има проблеми со хидрантите и опремата. За оваа година тие проблеми се елаборирани, ставени на хартија и обезбедени се средства за нивно решавање. Прва прилика, кога општината ќе биде во можност финансиски, а тоа е во најкраток можен рок, ќе започне постапката за да се реши комплетно проблемот“.
Како што истакнуваат од Локалната самоуправа, секоја година основен приоритет им е образованието. На тоа поле направени се максимални напори многу работи да се донесат во нормала. Посебно во делот на противпожарната заштита. Вељаноски кажа дека во рамките на нивните можности секоја година ПП апаратите се сервисираат исклучиво со средства на Локалната самоуправа, откако увиделе дека ресорното Министерство за образование воопшто нема слух за тоа.
„Кога се работи за образованието, општината во детали ги планира средствата“, рече Вељаноски. Додава дека најмногу било вложено во заштитата на училишните објекти кои до пред само некоја година личеле на оние како во хорор филмовите
Познатиот реторички модел кога одговорните ја префрлаат топката од локална на централна власт и обратно, не изостана и овојпат. Но, ако се има предвид дека нашите деца директно се изложени на можните последици од нефункционалноста на ПП апаратите во училиштата, сите задоцнети напори на надлежните за надминување на таквата состојба паѓаат во вода.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top