Општина Охрид ќе го имплементира проектот „Reach the mountain“ кој е одобрен во програмата „People2people“ од постојаната работна група за регионален рурален развој SWG-RRD.
Општина Охрид ќе го имплементира проектот „Reach the mountain“ кој е одобрен во програмата „People2people“ од постојаната работна група за регионален рурален развој SWG-RRD.
Во рамки на проектот, во месец мај 2020 година, во Општина Охрид ќе биде организирана дводневна работилница за можностите и начините за аплицирање за европски фондови со практични вежби за пополнување на апликации за проектни предлози и еднодневна работилница за диверзификација на економските активисти во регионот, за начинот на воспоставување на нови туристички производи, за вмрежување во прекуграничните региони, промовирање на постечката понуда и успешно спроведување на проекти за планински туризам.
Директни целни групи кои треба да земат учество на оваа работилница се претставници на планинарски организации, туристички организации, туристички професионалци, граѓански здруженија, угостителки и сместувачки капацитети, претставници на локалните власти, НП „Галичица“, млади и други заинтересирани страни од Охрид и Ресен.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град