Се разубавува населбата Канео

Во завршна фаза се активностите за разубавување на населбата Канео што Општина Охрид ги започна пред околу еден месец.

 |  Голабовски Крсте  | 
kaneo
канео

сокакВо завршна фаза се активностите за разубавување на населбата Канео што Општина Охрид ги започна пред околу еден месец.

Изминатиов период надлежните служби од ЈП “ Градски гробишта “ работеа на санирање и реконструкција на потпорните ѕидови, а се изврши поправка на патеките кои од главниот пат што е во непосредна близина на црквата Св. Јован – Канео водат кон кафеаните и плажите “Канео“ и “Потпеш“. Деновиве во населбата Канео, завршува и поплочувањето на една од уличките – сокачињата во должина од 35 метри. Поплочувањето е благороден чин со оглед на тоа што вредните мајстори носат автентични камења од горниот дел на населбата и непосредно пред редењето рачно ги обликуваат .

Инаку според предвидениот план на локалната самоуправа за уредување на населбата Канео, старите улични канделабри и фенери треба да бидат заменети со нови кои ќе бидат во склад со спецификите на старото градско јадро.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top