Застрашувачки резултати од испитувањето на езерската вода. Според анализите на Центарот за јавно здравје, водата, во добар дел од автокамповите на охридското крајбрежје, континуирано со квалитет од 4-та и 5-та категорија. Пред резултатите од ваквите анализи не треба да се молчи, туку треба да се изнајде начин под итно да се делува, вели раководителот на општинскиот инспекторат Танас Танасоски. Тој кажа дека од нивна страна писмено било известено ресорното министерство, а проблемот го гледа во дотраените и стари прочистителни станици. Танасоски потенцира дека ваквите резултати ги има и државниот инспектор по екологија, кој воедно е и надлежен за да се справи со овој проблем, но истиот досега од неразбирливи причини ништо нема превземено.
Државниот инспектор за ЖСПП не е расположен за контакт ниту со нас медиумите. Министерот за ЖСПП Неџати Јакупи кој денес беше во работна посета во Охрид, донекаде го оправда ресорниот инспектор. Јакупи рече дека тој лично ни стои на располагање доколку имаме потреба од информации од неговиот ресор. Но во врска со загадувањето на езерото од пречистителните станици на дел од охридско струшките автокампови без конкретен одговор. Очигледно не му е во целост позната моменталната состојба.
Од Центарот за јавно здравје укажуваат дека анализите на дел од водата на автокамповите на охридското крајбрежје континуирано покажуваат дека таа е загадена. Сашо Точков вели дека нивна обврска е само да ги испратат анализите до инспекциските служби, а тие понатаму одлучуваат како да постапат. Точков потенцира дека езерото има голема моќ на самопрочистување и поради тоа досега е избегнато енормно загадување.
Факт е дека мора да се стави крај на ваквите појави, потенцираат надлежните. Да се надеваме дека до наредната сезона има доволно време да се преземат сите соодветни мерки согласно Законот за вода и старите и дотраени прочистителни станици или да се стават во функција или да се заменат со нови пософистицирани. Во спротивно, автокамповите да бидат затворени, бидејќи голема е фрекфенцијата на гости, посебно во летниот период, некаде околу 3000.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град