„Размислувај поразлично“ – започна Мобил филм фестивал

Деведесет филма од цел свет од денеска до 6 декември ќе се прикажуваат онлајн на 11. издание Мобил филм фестивал. Под мотото „Размислувај поразлично“, филмската програма ќе биде бесплатно достапна на платформата Cinesquare.net.

 |   | 

Деведесет филма од цел свет од денеска до 6 декември ќе се прикажуваат онлајн на 11. издание Мобил филм фестивал. Под мотото „Размислувај поразлично“, филмската програма ќе биде бесплатно достапна на платформата Cinesquare.net.

Сите филмови на фестивалот се достапни во 13 земји во регионот. Со тоа Мобил филм фестивал од годинава прераснува во регионален филмски фестивал.

22 филма се избрани да се прикажуваат во официјалната конкуренција, 36 во „ковид“ програмата, а 31 од анимираната програма.

Традиционално, ќе бидат доделени награди за најдобрите филмови. Најдобар филм „Ратка Илиевска-Лале“, за најоригинална приказна и најинвентивен филм.

За наградите ќе одлучи тричлено жири во состав: Горан Наумовски, кинематографер и професор на универзитетот „Еуропа Прима“, Карл Бардош, филмски режисер и продуцент со богата професорска кариера на многу американски универзитети, а е посебно фокусиран на филмовите снимени со мобилен телефон. Неговиот курс Cell Phone Cinema се смета за најиновативен курс во академската 2019/2020 година во САД. Третиот член на жирито е филмскиот критичар Златко Ѓелевски.

Мобил филм фестивал, во организација на продуцентската куќа „КТ-Филм и Медиа“ е поддржан од Министерството за култура и Град Скопје.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top