Размена на простории со џентлменска спогодба

15 –тина вработени од секторот за локален економски развој и шестмина инспектори од општинскиот инспекторат ги прават завршните подготовки за дислоцирање  во нови простории.

 |  Валентина Нелоска  | 
opstina Ohrid
општина Охрид

15 –тина вработени од секторот за локален економски развој и шестмина инспектори од општинскиот инспекторат ги прават завршните подготовки за дислоцирање  во нови простории.

Локалната  самоуправа им ги отстапува просториите на инспекторите од УЈП, а за возврат  добива нова локација. Никола Манески, портпарол вели преселбата на овие две служби на трет кат во зградата каде што е сместена УНИ Банка, сеуште е резултат на недодефиниран договор. Станува збор за џентелеменска спогодба вели портпаролот Манески. Преписката на  релација локална и централна власт за ослободување на просториите, траела скоро една година.

opstina OhridНа вработените од секторот за локален економски развој ова им е втора селидба. Пред две години тие беа принудно иселени од просториите на ЈП за стопанисување со јавен и деловен простор. Дали постои можност да пропадне и оваа  како претходната, портпаролот на градоначалникот Манески вели постои таква можност , но додава дека се надминати недоразбирањата помеѓу локалната и централната власт. Сепак очекувањата на локланата самоуправа  се дека оваа преселба нема да пропадне во вода туку напротив  можно е изнаоѓање и на  ново подобро решение. Манески ги отфрла и тврдењата дека оваа дислокација е поврзана со изградбата на шалтер салата.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top