Неонаталниот скрининг на слухот во Австралија е задолжителен, додека пак кај нас малку се зборува за тоа. Лекари од австралиско-македонско друштво, како и преставници од македонската лекарска фела денес имаа средба во Охрид.
Лекари од австралиско-македонско друштво престојуваат во земјава. Денес беа во Охрид. Целта како што изјави д-р Зоран Бечвароски е да се запознаат со колегите од Македонија, како и да разменат идеи, искуства и практики. Акцент на средбата беше ставен на неонаталниот скрининг или раното откривање на оштетувањата на слух кај новороденчињата и каква е неговата примена во Австралија и Македонија.
„Дечињата мали откако ќе се порадат што порано треба да се открие проблемот со слухот. Во спротивно тоа само по себе носи свои последици, пречки во говорот и.т.н. Во Австралија секоја една болница со закон е обврзана да го направи овој скрининг“.
Нашите доктори посебно од неврологија и неврохирургија, пројавиле голем интерес за воведување на неонаталниот скрининг низ македонските болнички установи, вели Бечвароски. Додава дека секој аудиолог лесно може да се обучи и дека тоа на државата не ја чини голема сума на пари
Се става апаратче во ушето, се ставаат две три електроди на главата и тоа трае 5 -10 минути тоа кажува дали детето слуша или не“.
Бечвароски смета дека македонското здравство оди во позитивна насока, според она што можел да го слушне од нашите доктори. Исто така тој нагласи дека постои расположение дел од стручниот лекарскиот кадар од Австралија да дојде во македонските болници со цел да пренесе дел од светските искуства кои се применуваат таму
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град