Размена на искуства и се поголема соработка

Неофицијална посета на претставници на Лајонс клубови од Велика Британија и Ирска.

 |  Крсте Голабовски  | 
logo
лого

Неофицијална посета на претставници на Лајонс клубови од Велика Британија и Ирска.

Гостите беа запознаени со реализацијата на проектот „Информација за секого без предрасуди“  во рамките на програмата на ТелевизијА ТВМ, изработен со помош на Лајонс клубот „Охрид“ и Локалната самоуправа.

Bryan RileyНеофицијална посета на нашата телевизиска куќа од страна на претставници на Лајонс клубови од Велика Британија и Ирска. Тие го посетија нашиов град на покана на Проект менаџерот на кабиентот на дистриктот 132 после конвенцијата во месец мај, господинот Драган Спасески-Охридски, како дел од меѓународните активности кои континуирано се одвиваат, се со цел размена и споделување на искуства.

Гостите се запознаа со проектот „Информација за секого без предрасуди“ , неговата целосна реализација и како и вниманието и интересот кој ова специјално издание на дневникот на ТелевизијА ТВМ го предизвика кај глувите и лицата со оштетен слух.

Овој проект предизвика голем интерес кај претставниците на британските Лајонс клубови и беше направена паралела за слични проекти кои кај нив биле реализирани, а не биле од толку голема магнитуда, како на пример аудио весникот за слепи лица.

Битен момент на посетата е продлабочување на соработката помеѓу Лајонс Клубовите од Велика Британија и Ирска и Лајонс Клубовите во нашава земја. Гостите зборуваа за пробелмеите со кои се среќаваат нивните клубови, а како еден од најголемите е ригидноста и недостатокот на нови членови. Дарување на искуства од нивна страна акумулирани во период од 60 години, но и добивање искуства од нашите млади Лајонс клубови кои во себе го носат духот на промената.

Не изостанаа и новите идеи и планови на кои во духот на Лајонизмот заедно ќе работат Лајосите и од Македонија и од Велика Британија.Посетата и соработката само покажува дека на повидок се нови проекти, реализација на нови идеи се во духот на Лајнизмот и за остварување на една единствена цел, пружање на помош на оние на кои им е најпотребна.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top