• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Раздолжувањето на општината, тема на прес конференцијата на Михаил Трендафилов – Нанче

Раздолжувањето на општината, тема на прес конференцијата на Михаил Трендафилов – Нанче

„Како прво, ја поздравувам оваа одлука, сѐ што може да се реши со договор го поздравувам, но за нештата да станат појасни морам да направам краток осврт на излагањето на в.д. градоначалникот“, кажа денес на прес конференција кандидатот за градоначалник од редовите на Граѓанско Демократска Унија- ГДУ, Михаил Трендафилов Нанче.

 |   | 

„Како прво, ја поздравувам оваа одлука, сѐ што може да се реши со договор го поздравувам, но за нештата да станат појасни морам да направам краток осврт на излагањето на в.д. градоначалникот“, кажа денес на прес конференција кандидатот за градоначалник од редовите на Граѓанско Демократска Унија- ГДУ, Михаил Трендафилов Нанче.

Во своето излагање Георгиески вели:

„Со помош на Владата почнуваме со реализација на процесот на раздолжување на Општината, нејзина финансиска консолидација и почеток на нов развоен циклус.Општина Охрид ќе го намали вкупниот долг за 948 милиони денари од кои 495 мил се средства обезбедени од Владата, 260 мил, по основ на камати и 192 мил од основниот буџет“.

Цитирам, со донесување на оваа ИСТОРИСКА одлука за Општина Охрид, долгот ќе се сведе на ниво од 530 мил, со тоа ќе се овозможи и полесен пристап до европски фондови.

На повикот за спогодбено утврдување на долгот, се пријавиле повеќе од 100 доверители (тешко нив). Приоритет при исплата на доспеани, а не платени обврски имаат доверителите со кои е постигнато целосно откажување од каматата, односно намалување на главницата. Со 35 доверители е постигнато целосно откажување од каматата. По завршување на процесот на договорање успеале да остварат заштеда на долгот само по основ на камати од 260 милиони.

Заклучок: Со оваа помош вкупниот долг се намали за 15 милиони и 400 илјади евра и се сведе на приближно 9 милиони евра. Се наметнуваат следните прашања и констатации:

1) Од каде, чии средства Владата дава?
2) Каква порака испраќа?
3) За да го дополни буџетот очекувајте да си издвоите средства за казни од УЈП, полиција и од кого? Од ВАС.
4) Доверителите пресреќни намалуваат главници, отпишуваат камати. Зошто?
5) Во меѓувреме се поставува прашање, колку пропаднале, колку опстанале и како успеале да опстанат?
6) Дали истава постапка може да се повтори и на ниво на цела Општина со отпишување на долгови на фирми и приватни лица?
7) После се, не научивме кој, зошто, како го направил тој долг, дали има криминал?
Сево ова мора да има завршница!

Јас ќе бидам ваш градоначалник, а не партиско-мафијашки.
Изборот е ваш!!!
И запамтете веќе еднаш:
Едните лажет
Другите мамет
Заедно крадет и се амнистирет.

Истакна на прес конференција, кандидатот за градоначалник од редовите на Граѓанско Демократска Унија- ГДУ, Михаил Трендафилов Нанче.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top