Расте интересот кај охридските земјоделци за подигнување на насади со аронија

Владата на Република Македонија преку програмата за рурален развој, нуди субвенционирање на трошоците за подигање на вакви овошни насади.

 |  Мишел Наумоски  | 
aronija
аронија

Се поголем интересот кај охридските земјоделци за подигнување на овошни насади со аронија. Ова растение кое е познато по своите лековити својства, во нашата држава стана вистински хит во последниве неколку години.

grmuska aronijaОд работната единица на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството, велат дека и охриѓани го следат трендот на подигнување на нови овошни насади со овој специфичен вид на овошје.

„Во охридскиот реон и во општина Дебрца има зголемен интерес за пријавување на тој овошен насад од аронија, но исто така нашите индивидуални земјоделски производители се заинтересирани да го садат ова овошно растение затоа што е многу барано, како на домашниот, така и на странскиот пазар. Во нашиот реон нема голема застапеност на овој насад, но има зголемена заинтересираност на нашите индивидуални земјоделци да го садат ова овошно растение кое кај нас зеде посебен значај во последниве години.“-рече Билјана Ѓорческа-Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството-Охрид.

aronija plantaziА токму за подигнување на нови овошни насади, Владата на Република Македонија нуди и можности за субвенционирање на индивидуалните земјоделци. За да можат да аплицираат тие мора најпрво да поседуваат минимум 5000 метри квадратни или 0.5 хектари површина под овошни насади.

„Оваа година, 2013, не е во програмата за финансиска подршка во земјоделството, туку е во програмата за рурален развој, што значи дека самиот земјоделец треба да поднесе барање, да ги исполнува условите за добивање на овие средства и висината на подршка е 50 проценти од трошоците што ги има направено земјоделецот, значи има повраток на тие средства вложени за подигање на тој овошен насад.“-вели Ѓорческа.

Рокот за аплицирање за програмата за рурален развој трае до 30ти Септември.

Инаку Аронијата е лековито зрнесто овошје, слично на боровинките  кое  е високо отпорно на ниски температури, поради што често се нарекува и сибирска боровница. Расте на листопадна грмушка која достигнува висина од 1- 2 метри. Не бара посебни услови при одгледување, расте и на неплодна почва.Аронијата е отпорна на болести и штетници поради што  не мора да се прска што ја прави еколошки чист производ.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top