Расте бројот на заболени од грип. Очекувано со почетокот на второто полугодие во училиштата расте и бројот на заразени од грип.Епидемиолозите советуваат пациентите да не се лекуваат на своја рака туку обавезно да посетат матичен лекар кој ќе им препиши соодветна терапија. Сеуште не се знае точно за кој тип на грип станува збор.
Во Охрид се зголемува број на заболени од грип. Во третата недела од месец јануари имало само 15, а во четвртата бројката двојно се зголемила на 38. Заболените се на возраст од 15 до 59 год. Тие се само клинички дијагностицирани, а лабораториски не се потврдени и не е изолиран типот на вирусот на грип.
Испратени се анализи, брисеви од грло и нос од пациенти со клиничка слика на грип меѓутоа резултатите сеуште не се готови. Испратени се во институт за Јавно здравје во Скопје, вели Д-р Јованка Стурлакова-Епидемиолог.
Според овие податоци во овој период од годината за разлика од лани процеднтот на заболени е многу помал. Епидемиологот Д-р Коровешоска вели дека навремено се превземаат сите мерки за да не дојде до епидемија од ова заболување.Таа додава дека доколку граѓаните забележат некаков симптом кој наведува дека се работи за грип веднаш да се јават на лекар и да им се препише соодветна терапија. Да не остануваат да се лекуваат во домашни услови без претходна консултација со лекар бидејќи грипот иако наизглед не е опасно заболување може да предизвика многу компликации.
Секој кој што е болен би требало да се јави кај матичнот лекар и тој ке одлучи дали ќе зема само симптоматска терапија или има потреба да биде вклучен и антибиотик поради превенција на бронхопнеумонија која најчесто се јавува како компликација од грип, вели Стурлакова Коровешоска.
И во Струга и Дебар бројката на заболени од грип расте, но не е алармантна. Затоа стрчните лица препорачуваат почесто проветрување на просториите, избегнување на групно собирање, земање витамини, често миење раце. Инаку најдобар начин за заштита на населението од ова заразно заболување е вакцинирањето. Годинава охридскиот Центар за јавно здравје набави 3000 вакцини против сезонски грип.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град