Расте бројот на активни случаи од Ковид-19 во земјава

Се зголемува бројот на активни случаи од Ковид-19 во земјава. Според објавените податоци од Институтот за јавно здравје во текот на вчерашниот ден, активни се 6.395 случаи од кои најголем број се во Скопје 3203. Во Куманово има 455 активни случаи, во Велес 328, во Прилеп има 257, во Битола 216, во Кавадарци 211, во Штип 207, во Охрид 192.

 |   | 

Од направени 3.210 тестирања, како што покажуваат податоците од ИЈЗ за изминатите 24 часа, регистрирани се 444 нови случаи на Ковид-19, оздравеле 225 пациенти, а осум лица починале.

Од Министерството за здравство соопштија дека во текот на завчерашниот ден аплицирани се вкупно 6.089 дози вакцини, од кои 709 како прва доза, 1.148 се ревакцинирани, а 4.232 граѓани примиле трета доза вакцина.

Заклучно со 26-ти октомври, вкупно се вакцинирани 802.705 граѓани, ревакцинирани 772.424, а трета доза примиле 20.119 граѓани.

54% од граѓаните над 40–годишна возраст се ревакцинирани, а 33% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.

Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 57 отсто, а со две дози опфатени се 46 отсто од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 38 отсто од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35 отсто од популацијата во државата примила две дози вакцина, информираа од Министерството за здравство.

Досега во земјата се направени вкупно 1.372.834 тестирања на Ковид-19. Вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 200.856, бројот на оздравени пациенти е 187.374, а на починати е 7.087.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top