Раст на бројот на странски туристи како и на остварени ноќевања

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во септември 2019 година изнесува 122 645, а бројот на ноќевањата изнесува 275 892.

 |   | 

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во септември 2019 година изнесува 122 645, а бројот на ноќевањата изнесува 275 892.

Бројот на туристите во септември 2019 година, во однос на септември 2018 година, е зголемен за 12.8 %, а бројот на ноќевањата е зголемен за 6.0 %.

Бројот на домашните туристи во септември 2019 година, во однос на септември 2018 година, е намален за 0.6 %, а бројот на странските туристи е зголемен за 17.4 %.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во септември 2019 година, во однос на септември 2018 година, е намален за 5.9 %, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 11.6 %.

Во периодот јануари – септември 2019 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристи е зголемен за 3.4 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 1.1 %, а кај странските има зголемување за 4.8 %.

Во периодот јануари – септември 2019 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на ноќевањата е зголемен за 1.9 %, и тоа: кај домашните туристи има намалување за 0.1 %, а кај странските има зголемување за 4.4 %.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top