Распустот започна….

Школската година заврши. Децата од ОУ Св Климент Охридски крајот го прославија на невообичаен начин. Уникатна идеја, беспрекорна реализација. Дворот на училиштето наликуваше на мини зоолошка градина.

 |  Татјана Маленкова  | 
kuce
куче

ucenik so mileniceНевообичаен завршеток на учебната година.  Учениците од општинското основно училиште Св. Климент Охридски, учебната година ја завршија со уникатна презентација на своите домашни миленичиња. На  парадата можеше да се сретне се и сешто: кучиња, риби, зајачиња, желки… Сите овие главни ликови на денешната презентација се одгледани со беспрекорна љубов на децата. Секое дете пак, има своја приказна за своето милениче.

zelka

Во склоп на школската организација, директорката на училиштето Славица Илиќ имаше обезбедено стручно лице кое практично ги сподели сите неопходни совети за домашните миленичиња. Ветеринарот Тони Танкоски истакна дека децата грижејќи се за некого, повеќе се социјализираат. Тој зборуваше како правилно животните треба да се хранат, негуваат и одгледуваат. Танкоски исто така кажа дека миленичињата не се предизвикувачи на алергии, причина поради која многу родители им ускратуваат на своите деца дружба со милениче.

Крајот на учебната година покрај со уникатен настан во ОУ Св.Климент беше одбележан и со игра и песна од учениците. Директорката на училиштето потенцираше дека не застануваат тука. Следната приредба во училиштето е  на 28 јуни кога на учениците ќе им бидат врачени свидетелствата. Според Илиќ, секој значаен настан за учениците треба достојно да се одбележи.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top