Ќе расправаат ли конечно советниците за Плаошник и Блатото?

Советниците од опозционите партии во Советото на Општина Охрид, како СДСМ, Вмро – НП,  ЛДП и НСДП, поднесоа барања до градоначалникот Никола Бакрачески како и до  претседателот на советот на општина Охрид,  Гордана Коњаноска, на дневниот ред на седницата која што треба да се одржи на 13- ти март да бидат поставени уште една точка Разгледување на одлуките кои се однесуваат на Плаошник и Студенчишкото блато.

 |  Голабовски Крсте  | 
logo
лого

baranjeСоветниците од опозционите партии во Советото на Општина Охрид, како СДСМ, Вмро – НП,  ЛДП и НСДП, поднесоа барања до градоначалникот Никола Бакрачески како и до  претседателот на советот на општина Охрид,  Гордана Коњаноска, на дневниот ред на седницата која што треба да се одржи на 13- ти март да бидат поставени уште една точка Разгледување на одлуките кои се однесуваат на Плаошник и Студенчишкото блато.

Како причина во доставеноо барање го наведуваат се поголемиот револт кај граѓаните и заради актуелноста на проблематиката која се однесува на спроведување на урбанистичкиот план кај Плаошник како и аспирациите за урбанизација на Студенчишкото блато.

Од претстедателката на советот се бара да достави уредна покана до министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиевски, директорката на Завод и музеј, Тања Паскали Бунташеска и до претставникот на Хидробиолошкиот институт, Трајче Талевски. Ако било кој од претставниците не се одважат и не дојдат од било која причина неприсуството да не го одлага барањето за ставање на точката на дневен ред, стои во барањето на советниците од опозицијата.

Тие од градоначалникот Бакрачески, покрај тоа шшто бараат да ја постави точката на дневен ред на петочната седница бараат и да присуствува на истата со цел да реферира за состојбите и ги пренесе ставовите на ресорните министерства.

{loadposition content9}

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top