Министерството бара милион денари банкарска гаранција за учество на електронската аукција.
За помалку од еден месец ќе се знаат новите газди на Охридските плажи. Министерството за транспорт и врски го распиша јавниот конкурс за давање под краткотраен закуп земјиште сопственост на Република Македонија, наменето за плажи на охридското крајбрежје. Условите наведени во него се крајно неповолни и арогантни, речиси за сите поранешни, а и потенцијални концесионери, вели Љупчо Нечкоски – поранешен концесионер на плажа.
„ Условите за конкурирање за секоја плажа се крајно неприфатливи, пред се од финансиска гледна точка . А не знам и од кои причини и голем број од плажите се со нови површини, ако била 1000 м2 сега е 3000 м2“ прашува Нечкоски.
Инаку, најповолните понудувачи за закуп на трите плажи Куба Либре, Кадмо и Грашница, ќе бидат обврзани да ги постават и малите пристаништа најдоцна до 15 јуни, согласно акцискиот план за монтирање мали пристаништа на езерата во Македонија.
На прашањето дали токму овие обврски се причина за високата банкарска гаранција, наведена во јавниот оглас, Нечкоски со одговор.
„Јас мислам дека ова што се случува е од несакање да се најде заеднички јазик со старите концесионери за сите плажи. Мислам дека се направија многу убави плажи и овој потег на Министерството ќе придонесе само за тоа Охрид да нема онакви убави плажи како што се замислуваше“ вели Нечкоски.
Инаку, покрај овие предуслови за учество на електронската аукција, на идните газди на плажите ќе им биде забрането наплаќање за влез на плажите, ќе мора на плажите да постават тушеви, интернет конекција, шанкови, а 40 до 60% од просторот ќе мора да го остават слободен без лежалки и реквизити. И цената за метар квадратен охридска плажа е зголемена. 80 денари, наместо досегашните 30.
Конкурсот ќе трае до 12 април, а електронската аукција ќе се одржи на 18 април.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град