Животната сторија на Милјана Колевска е тажна и потресна. Болна, немоќна и исцрпена таа секојдневно пешки од нејзината куќа во Велгошти доаѓа во Охрид да моли милост, помош и правда од надлежните институции.
Животната сторија на Милјана Колевска е тажна и потресна. Болна, немоќна и исцрпена таа секојдневно пешки од нејзината куќа во Велгошти доаѓа во Охрид да моли милост, помош и правда од надлежните институции.
„Полошо од ова не било“. Овие зборови неколку пати ги повтори Милјана Колевска од Луково која живее во Велгошти. Доведена во тешка ситуација, притисната од сиромаштијата, со нарушено здравје бара помош. Таа пешки секојдневно тропа по вратите на институциите, од кои бара разбирање за нејзината мака. Со солзи во очи таа раскажува дека сиромаштијата ја оставила не само без леб туку и без здравје. „Во Црквата ми даваат брашно за да месам леб вели Милјана, маж ми има нервен слом и неможе да работи. Останавме немоќни пред макотрпниот живот во кој постанавме живи мртовци“.
Во агонија Колевска раскажува за својот живот. Таа рече за нејзините маки да бидат поголеми допринело и тоа што нејзиниот син неправедно лежи в затвор. Тој како таксист бил наседнат и обвинет за трговија со луѓе. Побара, да ја слушнат надлежните и да и одговорат, дали за бранителите на Македонија местото им е зад решетки.
Многу верував во градоначалникот, вели Колевска. Таа додава дека тој и ветил помош, во парични средства, да оди до Скопје на Клиника бидејќи раната од операцијата на карцином на дојка подолго време и гнои и крвари. Од тоа ништо, градоначалникот сега не ме ни познава, кажува Колевска.
Колевска го повика министерот за труд и социјала и министерот за здравство, да ја посетат во Велгошти во нејзината куќа, да се уверат во какви услови живее. Вели, дека додека била здрава работела во Лакочереј помагајќи во земјоделските работи, но со скршена рака, со нервен слом и две операции е немоќна. Сега живее од милостина на добрите луѓе.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град