Зголемената температура на водата причина да расцвета кончестата алга.
Зголемената температура на водата, причина кончестата разгранета зелена алга од род кладофора, интензивно да расцвета. Оваа алга во Охридското езеро претежно ја има на места кои се пооптоварени со фосфор, како што е случај со делот на градското пристаниште.
Зелената алга расте прицврстена за камења, карпи или друга цврста подлога, меѓутоа по одредено време и потрага по светлина, одредени нејзини делови се одделуваат од подлогата и на површината на езерото создаваат топчести душеци. Овие т.н кладофорни топки создаваат непријатна слика, за што многу често се нарекува и досадна алга.
„Подобро е колку што може да се острани од површината, бидејќи по одредено време, таа од површината паѓа на дното и тогаш почнува нејзиното разградување под дејство на бактериите. Како резултат на тоа разградување, почнува да се чувствува непријатен мирис крај брегот, а покрај тоа се менуваат и условите за живот на животните на дното на езерото, по што доаѓа до намалување на количеството на кислород како резултат на разградувањето. Корисно би било да се отстранува од површината, з ада се отстранат овие непријатности како и за условите на животните на дното“ , вели проф.д-р Сузана Патчева, алголог, директор на Хидробилошки институт.
Поради интензивното цветање на алгата и лошата глетка која таа ја создава, од минтата година , Локалната Самоуправа преку ЈП Охридски Комуналец создава активности за чистење на алгата, со тоа што секојдневно врши собирање на делот кој е прецутен.
„Ја чистиме алгата два пати во денот. Еднаш од пет часот изутрина до околу 10.00 часот и потоа после пладне од околу 14.00 часот до околу 16.00 часот. Иако не е наша обврска езерото сепак во интерес на турзмот ние превзедовме вакви активности. Минатата година дадоа резултати и оваа година се надевам дека нема да имаме посериозни проблеми. Ова се случува само овде на овој дел од прстаништето и оваа година специфично е што нема ветрови кои овие алги би ги исфрлиле на обалата и веднаш би се исчистил овој дел на езерото“, вели директорот на ЈП Охридски Комуналец, Сашо Алче.
Со отстранувањето на алгата му се помага на езерото, затоа што на овој начин се отстранува и дел од фосфорот во езерото.
Зелената алга масовно се развива две до три недели и доколку не се отстрани таа паѓа на дното на езерото, угинува и се распаѓа по природен пат. Секако стручните лице предупредуваат до ова да не дојде, затоа што во тој случај покрај тоа што би се ширела непријатна миризба, и фосфорот би останал во езерото.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град