Расчистување на канали

Пристапниот пат до МЈП „Проаква“ ќе се средува и од еколошка гледна точка. Ова е уште една од низата активности на секторот за екологија, кој неодамна одлучија да ги реконструираат дрворедите, а сега започнаа активност за расчистување на каналите.

 |  Билјана Николоска  | 
sektor za ekologija
сектор за екологија

kanalКрајно несредениот и запуштен потег од бул. „Туристичка“, кај спортската сала, до каналот кај Биљанини извори, дојде на ред да се среди. Согласно годишната програма на Локалната, ова е најновата активност која деновиве ја презема Секторот за екологија, во изведба на ЈП „Охридски Комуналец“. Сашо Котели од Секторот за екологија вели дека добро е јавноста и претставниците на еколошките друштва да слушнат за нивната иницијатива.

Котели убедува дека работите кои ќе се изведуваат на планираниот потег ќе бидат строго земјeни. Но, тој со точност не можеше да прецизира какви зафати ќе се прават во делот од ресторанот „Белведере“, до каналот Биљанини извори. Овој потег за средување бил препуштен во рацете на сопственикот на ресторанот Климе Четкар по негово барање, за што и самиот ќе инвестирал. Што точно ќе се прави тука знае само градоначалникот Петрески, додава Котели. Екологистите на ова остро реагираа и предупредија дека многу е важно да се знае од каде до каде ќе се гради и на кој тоа му користи.

Вера Раоник од секторот за екологија, рече дека комисијата задолжена за надзор и издавање одобрение кои дрвја ќе се сечат и санираат, веќе ја констатирала состојбата на терен.

Претставниците од еколошките друштва во градов ја подржаа и оваа иницијатива на Локалната, но строго предупредија, да се земе во предвид на местото на секое пресечено дрво задолжително да се засади ново.

 

 {loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top