Распределба на народните пари по приоритет….или ?

Граѓаните, како и  преставници од владиниот и невладиниот сектор, синоќа предлагаа каде да бидат насочени парите од Фискалната  стратегија и развојните програми на  буџетот за 2010 година.

 |  Валентина Нелоска  | 
logo
лого

Граѓаните, како и  преставници од владиниот и невладиниот сектор, синоќа  предлагаа каде да бидат насочени парите од Фискалната  стратегија и развојните програми на  буџетот за 2010 година.

Александар ПетрескиДаваа предлози и сугестии како да има  успешен развој на општината со  планиран буџет тежок  околу 620 милиони денари или 10 милиони евра. На расправата никаде ги немаше преставниците од Агенцијата за подршка и развој на туризмот, од Хотам и  Атам, од здружението на угостители. Најбројни на јавната расправа,сепак,  беа претседателите на месните заедници. Од таму, пак,  се пожалија  дека немаат повратни информации  дали  се прифатени нивните претходно доставени предлози. Градоначалникот Александар Петрески со одговор дека тоа е нивен пропуст бидејќи не се информирале навреме  во администартивните служби или на општинската веб страна. Но, сепак предложи сугестиите може да ги проследат до советниците.
Се слушнаа  низа предлози кои  треба да се приоритет на општината. Се спомна потребата од изградба на марина , формирање на професионален театар, па се до поставување на јавни тоалети. Падна предлог – од буџетот да се наменат повеќе пари за промоција на туризмот. Државата во буџетото за 2010 година има планирано за развој на туризмот само 250 илјади евра, што е многу малку истакна Томислав Тунтев, но не како советник туку како граѓанин од месна заедница Стар град. Општината, таа ставка треба да ја  зголеми затоа што многу охриѓани својата егзистенција ја гледаат токму во туризмот, порача   Тунтев. Затоа предлага 5-те милини денари да се зголемат на 20 милиони за подршка и промоција на туризмот.
Преставниците на месните заедници  сакаат во 2010 година во општината да има повеќе  детски игралишта, зелени површини, пристапни патишта, чиста езерска вода. Со нив се согласува и градоначалникот, но смета дека сепак работите треба да имаат приоритет. Сугестиите и забелешките вети дека ќе бидат ставени во нацрт верзијата која, пак, ќе биде ствена наскоро пред советниците.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top