Стручните екипи на Заводот за заштита на спомениците од Охрид пронајдоците ги откриле на две локации, на кои биле утврдени повеќе значајни наода, делови од градежни структури, како и остатоци од средновековна црква изградена од камен.
Откриени значајни пронајдоци на локалитетот „Рајца-Манастирите“ во Љубанишко поле. Стручните екипи на Заводот за заштита на спомениците на културата од Охрид во досегашните истражувања на двете локации од овој локалитет утврдиле повеќе значајни наоди, и тоа делови од градежни структури на два објекти, меѓу кои и остатоци од средновековна црква изградена од камен и варов малтер, со димензии од 12 метри должина и 7 метри ширина. Во официјалното соопштение од Завод и музеј стои дека:
„Во близина на остатоците од првата градба констатиран е уште еден објект на ранохристијанска базилика изграден од камен, малтер и редови тули. Објектот е со широчина од 13 метри, а во тек е истражувањето на должината за која се претпоставува дека е над 17 метри. За време на сондирањето, констатирано е добро зачуван мозаичен под кој е високо технички и уметнички изведен, со фитоморфна орнаментика. Исто така на самите ѕидови откриени се и фрески.“
„Во текот на истражувањето пронајдени се и повеќе елементи од камена пластика, а во моментов се работи на откривање на западниот ѕид. На втората локација за време на истражувањата откриен е дел од еден поголем, комплексен објект, кој според претпоставките на археолозите, е од профан карактер. Според одредени показатели, објектот, временски припаѓа на доцната антика и најверојатно станува збор за цивилна градба“.-стои во официјалното соопштение од Завод и музеј-Охрид.
Инаку археолошките активности за оваа година планирано е да завршат на почетокот од идниот месец, по што Завод и музеј ќе пристапи кон утврдување на границите на локалитетот и изработка на заштитно-конзерваторските основи. Следната година е предвидено да се доистражи, конзервира и презентира самиот локалитет.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град