Раноградинарските култури ќе поскапат

Јаката зима ги исплаши земјоделците. Среќа што имаше релативно добра снежна покривка која ги заштити житните посеви од ниските температури. Студот е добредојден само за уништување на штетниците и ларвите на инсектите кои ги напаѓаат овошките.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Ниските температури, мразот и снегот кои го зафатија нашиот регион ги вознемирија земјоделците. Стравуваат каков ќе биде приносот на земјоделските производи, а и колкава ќе биде штетата врз овошките. На ниските темпаратури најотпорни се житните култури. Од нив  најиздржлива е пченицата потоа, ржта па на крај доаѓа јачменот. Пченицата може да издржи и до -25 степен, а јачменот до -10, но само кога станува збор за сертифициран семенски материјал кој што не е селектиран за отпорност на ниски температури.

Позитивно е тоа што имавме една релативно добра снежна пшокривка која ги покри житните култури инаку верувајте ниту едно зрно не ќе се собереше. Но настрада пластеничкото производство, посебно салатите. Поради тоа оваа година се очекува малку да се поскапи градинарските производи. Настрада и дел од младиот кромид додека за лукот нема никаква опасност. Пластеничкото производство настрада поради тоа што ретко кој ги загреваше пластениците бидејќи тоа е многу скапо, вели Ванчо Стојаноски од Земјоделската задруга „Охридска черешна“.

На младите овошни насади може да има минимална штета од ниските температури. Но студот има и позитивна страна врз нив. Од ниските температири кои го зафатија регионов  ќе се уништи најголемиот дел од штетниците. Ова е посебно важно за овошните култури како што е јаболкото, сливата и црешата.

Минатата година за првпат се соочивме со еден проблем. Во овој регион се појави јапонската мушичка која ја напаѓа црешата скоро во полна зрелост и немате време да реагирате. Имавме доста штета минатата година во одредени насади. Оваа јапонска мушичка се шири во регионите каде нема јака зима и нема екстремно топли лета. Оваа година се надеваме дека барем од таа страна ќе бидеме заштитени. Поради ниските температури ќе бидат уништени ларвите и на други инсекти , вели Стојаноски.

Деновиве е последниот рок за зимското ѓубрење на база на калиумови ѓубрива, објаснува Стојаноски. Пожелно е во овај период да се користата ѓубрива кои имаат додаток на микроелементи кои се и тоа како важни за добар развој на растенијата. Земјоделците се надеваат иако оваа зима е доста студена и има врнежи од снег приносите да бидат солидни, а во секој случај многу поголеми од минатата година која е една од послабите години според родот на житните, градинарските и овошните култури.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top