• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Започна петдневна обука на охридските уметници за работа со ранливата категорија граѓани

Започна петдневна обука на охридските уметници за работа со ранливата категорија граѓани

Уметноста ставена во функција на ранливата категорија на граѓани. Проектот под наслов „Употреба на уметноста каде што е тешко да се зборува – Размени меѓу уметници кои работат во социјалната област”, во Охрид и Струга продолжува со обука на уметниците за работа со оваа категорија луѓе.

 |  Јаковлева Лионела  | 
proekt
проект

Започна петдневна обука на охридските уметници за работа со ранливата категорија граѓани. Ова е дел од проектот „Употреба на уметноста каде што е тешко да се зборува – Размена меѓу уметници кои работат во социјалната област” кој има за цел да ја поттикне уметноста и креативноста кај оние луѓе кои скршнале од вистинскиот пат. Културниот центар „Медиа Артес“ од Охрид и албанската асоцијацијата „Рефракшн“ една година ќе го спроведуваат овој проект кој е финансиран од ИПА програмата на Европската Унија за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Албанија. Со него се опфатени општините Охрид и Струга од Македонска страна и Корча, Поградец и Бибер, од Албанска страна.

Генералната цел на проектот е да создаде мрежа од граѓански организации од областа на културата, локални институции, формални и неформални групи на уметници базирани во овие општини и индивидуални уметници кои би сакале да работат со ранливи групи, истакна Јасмина Билаловиќ од Асоцијацијата на уметници – Културен центар „Медиа Артес“  проект

Уметници од Шведска кои имаат долгогодишно искуство и експертиза во оваа област ќе бидат тренери и ќе ги споделат своите знаења со охридските уметници. Ана Калблад и Хелена Бистом, уметници од „Арт агент колектив“ десетина години работат со ранливите категории на граѓани
Ана Калблад е кореографка и танчерка а ја работи партиципативната уметност.

Не треба да се биде исклучен од општеството во кое живееме и неговите проблеми. Уметноста е во суштина поврзана со средината. Предизвикот е, оние од околината, преку вашата уметност, да го кажат тоа што го мислат. Следните пет дена со задоволство ќе ги обучуваме македонските уметници, вели Калблад.

И Хелена Бистром, визуелен уметник која пред се работела со деца со посебни потреби вели дека чуствува огромно задоволство што може на некој начин да помогне за имплементација на проектот.

Во текот на работилниците, предвидени се и теренски посети на метадонскиот центар во Охрид, невладината организација „Опција“ од Охрид, како и невладината организација „Порака Нова“ од Струга.

Инаку, зa македонските партнери од буџетот на проектот се издвоени 58.360 евра. Осумдесет и пет проценти од финансиските средства се обезбедени од Европската Унија , а останатите 15 проценти ги покрива Владата на Република Македонија.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top