„Рани спомени“-хроника за Охрид и охриѓани

Жена која се крсти пред градот а не пред храм, инспирација на Веле Митаноски, да се појави пред јавноста во улога на писател. Во просторот на „Култура – 365“, во старото градско јадро, беше промовирана книгата „Рани спомени“ од новинарот, публицист и политички аналитичар Веле Митаноски.

 |  Билјана Николоска  | 
Vele Mitanoski
Веле Митаноски

promocijaСеќавања, творештво и документација. Понесен од потребата да се оддолжи кон градот, познатиот новинар, публицист и политички аналитичар, Веле Митаноски, ја напиша книгата „Рани спомени“. Оваа книга претставува хроника за Охрид и охриѓани, испишана на без малку 600 страни. Една од поентите на книгата е дека сите охриѓани треба да му се одолжат на градот на некаков начин, а посебно на новинарите.

Авторот на книгата „Рани спомени“, Веле Митаноски си го исполни своето ветување, вели Тоде Илиески директорот на НБУ „Глигор Прличев“. Тој додава дека со материјалот на ова дело бил запознаен зимоска.

Еден од промоторите, писателот Милован Стефановски, рече дека секогаш кога и да дојде во Охрид е обземен од убаво чувство. Доволно е само да се потсети дека низ охридските улички и сокаци минувале толку познати личности чии што дела ги надминуваале нашите простори и опстанале низ времето. Преку Прличевата мисла, „никој никогаш нема да успее во дело што не му е при срце“.

promocijaНовинарот и публицист Зоран Иваноски со извонреден поетски вокабулар рече, „меѓу двете тврди, тешки порти на книгата, каде се вгнездени сведоштва и снопови на емоции како траен влог и неизбришлива трага на времето, успеа да не внесе и нас“.

На промоцијата во новото катче, како што и самиот автор го нарече присуствуваа стари охриѓани и останати истакнати личности од општествениот живот од градов  земјава. Извадоци од книгата презентираше поетесата Лидија Размоска.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top