Реализација на градежни проекти низ општина Дебрца за водоснабдување

Изминативе неколку недели па се до крајот на 2019 година, се реализираат неколку клучни градежни порективо оваа рурална опоштина кои пред се се наменети за водоснабудвање на жителите од неколку селски средини.

 |   | 

Изминативе неколку недели па се до крајот на 2019 година, се реализираат неколку клучни градежни порективо оваа рурална опоштина кои пред се се наменети за водоснабудвање на жителите од неколку селски средини.

Официјално започна изградбата на доводен цевковод за водоснабдување на селото Слатински Чифлик, единственото село во Дебрца кое нема водоснабдителен систем.

Проектот предвидува изградба на доводен цевковод од село Издеглавје до село Слатински Чифлик, во должина од 2586,60 метри, при што ќе бидат поставени полиетиленски водоводни цевки, PE 100 од 10 bari со DN 90, а ќе бидат изградени и шест ревизиони шахти.

Градежните работи ги изведува фирмата “Маркоски К73” ,од Струга, а средствата , во износ од 3.491.010 денари се обезбедени од Бирото за регионален развој, Програмата за финансирање на проекти за развој на подрачја со специфични развојни потреби за 2019 година.

Деновиве преку Министерството за транспорт и врски ќе биде објавен и тендерот за изградба на резервоар за водоснабдување на село Издеглавје, со што конечно ќе биде решен проблемот со водоснабдувањето на двете села. Во Лешани по завршувањето на сезоната за наводнување продолжува изградбатаж на канал за наводнување во должина од 500 метри.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top