Новото раководство на ОК на ВМРО ДПМНЕ лично ќе се соочи со проблемите на Охриѓани. Локалните функционери и советниците од редовите на оваа партија ќе вршат посети на месните заедници. „Според моите сознанија граѓаните најмногу се соочуваат со проблеми од комунална и урбанистичка свера“ вели претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ, Атанаско Михаилов.
Активностите на владата од централно се пренесуваaт на локално ниво. Потесното раководство на ОК на ВМРО ДПМНЕ и советниците ќе вршат посети на месните заедници и на лице место ќе разговараат со граѓаните за проблемите кои ги има месното население.
„ Ќе се потрудиме проблемите да се решат на лице место, а локалните проблеми преку советниците да се стават на дневен ред и определен дел од проблемите да бидат решени“ – вели претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ, Атанаско Михаилов.
Граѓаните претежно мака мачат со урбанистички и комунални проблеми. Колку што можеме на граѓаните совети ќе им даваме на лице место, за да се реши она што може, а за се друго ќе ги анимираме локалните служби да им помогнат, додава Михаилов.
„
Секогаш е потребно да им излезите во пресрет на граѓаните. За десеттина дена со оваа активност ќе почниме да работиме. Се прави агендата на активности„ вели Михаилов.
Претседателот на ОК уште најави дека ќе се направи обид да има организациона промена во комисиите со цел тие подобро да функционираат. Комисиите кои се во склоп на советот, имаат значајна функција. „Работата на ова тело е многу битна за прочистување на текстот, за потоа, седниците на совет да имаат добри решенија. Нема да не замолчат без разлика какви притисоци ќе имаме од мнозинството“, вели Михаилов.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град